Книги

Денес започнува 29-от меѓународен саем на книгата!

29-от меѓународен саем на книгата ќе го вклучува и мојот прв роман - На работ од времето! Ви се верува? Искрено, мене не.

Од кога знам за себе немам пропуштено ниту еден саем на книгата. Тоа ми беше одличен изговор да потрошам повеќе пари за книги отколку што треба и да не се чувствувам виновно. Сигурна сум дека и вие се чувствувате така, па затоа и со нетрпение го чекате овој период од годината. Да, ние љубителите на книги редовно си купуваме по некој нов наслов, но друго е чувството кога ќе соберете цел куп книги одеднаш! Се согласувате? А кога веќе зборуваме за радост за овој период, ова ќе биде посебен за мене. 29-от меѓународен саем на книгата ќе го вклучува и мојот прв роман – На работ од времето! Ви се верува? Искрено, мене не. А толку години шетав покрај штандовите, замислувајќи се зад нив со книга во рацете. Очигледно желбите се остваруваат ако навистина ги посакуваме.

SnapseedПа ако сте расположени за читање постапокалиптична дистопија и научно фантастична приказна сместена во далечната иднина на планетата Земја, тогаш побарајте ја „На работ од времето“ на штандот од Книжевниот центар Антолог! Нешто повеќе за оваа приказна можете да дознаете тука, каде што има и рецензии од личности што веќе ја прочитале. А ако ви се потребни повеќе детали, слободно пишете ми! Или дојдете во сабота, на 8-ми април, во периодот помеѓу 14 и 15 часот. Ќе можете да ме најдете на штандот на Антолог, каде што ќе потпишувам книги. Ве чекам да си поразговараме! Еве ја и целосната програма од Антолог, а тука можете да го видите и нивниот каталог на книги за 2017 година.

А ако сте расположени за листа од македонски книги, Антолог имаат одлична! Ги препорачувам сите што се на неа…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s