Мали мистерии

Мистеријата зад RH негативните крвни групи и теоријата што предложува дека потеклото на овие луѓе е вонземно

Што мислите вие? Дали луѓето со RH негативна крвна група имаат антички вонземјани за предци?

По мала пауза (лаптопот ми заглави на сервис), конечно се враќам на пишување! Не можам да ви објаснам колку ми е мило. И зарем има подобар начин за враќање од еден текст со вонземна основа? Секако дека не. Одамна имав прочитано дека негативните RH крвни групи се мала мистерија меѓу научниците, па си реков ајде да го активирам блогот одново токму со оваа тема.

Повеќето луѓе имаат RH позитивна крвна група, што значи дека носат ген што потекнува од мајмунот резус, па затоа и се верува дека луѓето еволуирале од сличен предок каков што имал и овој мајмун. Но околу 15% од луѓето го немаат овој ген во себе, што значи дека мал процент од човечката популација има RH негативна крвна група. На овие луѓе им недостасува генот од мајмунот резус, како и протеините што доаѓаат со него. Но што значи тоа?

Модерната медицина ги има категоризирано човечките крвни групи во 4 типови: А, Б, АБ и О (иако, верувале или не, крвните групи се многу покомплицирани одошто мислите и не постојат само овие 4 типови што се сметаат за стандардни – повеќе информации можете да прочитате тука или да направите едноставно пребарување на Гугл…) Најголемата разлика во крвните групи е поврзана со присуството на протеини во секоја од нив, но RH негативните крвни групи се интересен исклучок, бидејќи, како што веќе спомнав, тие едноставно немаат протеини.

И секако ова е доволна причина за интернетот да се наполни со различни теории, а најинтересната од нив е онаа што сугерира потекло од друг свет. Со други зборови, луѓето со оваа крвна група, што се околу 15% од целата човечка популација (меѓу кои сум и јас, оу јеа!), можеби се од друга планета. Дали ова е вистина или не, можеби никогаш нема да дознаеме, но едно е сигурно – луѓето со оваа крвна група имаат навистина уникатни карактеристики. Со брзо пребарување на Гугл, можете да најдете и една интересна листа што ги издвојува карактеристиките на овие луѓе:

  • Повисока интелигенција
  • Сини, зелени или бадемови очи
  • Црвенкаста коса
  • Продорни очи
  • Способност за емпатија
  • Чувствителност на топлина
  • Необјасниви фобии
  • Високо наместени сетила

А сега, да навлеземе во детали… Најпрво, кога станува збор за донација на крв, тие можат многу да им помогнат на другите крвни групи. Распоредени, тие се компатибилни со сите останати. За жал, ако тие треба да бидат приматели на крв, тогаш само нивната крвна група може да им помогне.

Географски, иако опфаќаат солиден процент од човечката популација, најголем дел од нив се наоѓаат во Северна Европа. Што се однесува до потеклото, постојат премногу прашања. Научниците од полето на генетиката, биологијата и археологијата се вратиле наназад во историјата и откриле дека негативните крвни групи можат да се поврзат со мал број племиња што живееле на територијата во Европа. Постојат слични физички карактеристики што исто можат да се земат предвид, како генерално пониска телесна температура, црвена коса, натпросечна сензитивност на високи температури и зелени или сини очи. Исто така, постојат некои докази дека луѓето со RH негативна крвна група имаат поголема физичка и емоционална свесност.

Теориите за вонземна потекло дополнително се полнат и поради околностите што ги следат бремените жени со овие крвни групи. Имено, овие жени имаат потешкотии при раѓањето на RH позитивно дете бидејќи нивното тело природно се обидува да го убие. Само навремена медицинска интервенција може да помогне ова породување да се случи правилно и да се осигури безбедноста на бебето. Ова е многу чудно од медицинска гледна точка, со оглед на тоа што природата ги создала сите потребни состојби за раѓањето, а ова е единствен случај каде што телото се обидува да го заврши животот што било изградено да го создаде.

Оваа теорија покренува навистина интересни прашања за посета на антички вонземјани. Најмногу, затоа што ако луѓето се компатибилни со вонземјани, тоа значи дека тие имале слична или иста телесна структура и композиција што би дозволила суптилни разлики – како на пример, косата и бојата на очите или крвната група. Секако постојат скептици што без никакво размислување ја отфрлаат оваа идеја. Тие веруваат дека едноставно RH негативната крвна група е резултат на генетска мутација предизвикана од екстерен фактор, како зголемена изложеност на ултравиолетово зрачење. Но и ова покренува прашања…

  1. Ако RH негативните крвни групи се едноставна мутација, зошто само мал број луѓе на планетата ја имаат?
  2. Колку е потребно да се зголеми изложеноста на ултравиолетовите зраци за да се создаде ваква генетска мутација? Дали би било можно да се преживее толкаво количество во секојдневниот живот на Земјата?

Како што веќе спомнав, можеби никогаш нема да ја дознаеме мистеријата зад крвните групи со негативна RH, а теориите на заговор постојано ќе го наоѓаат своето место на врвот на темите за дискусија, па сè што ни преостанува е да ги читаме фактите и од нив да извлечеме сопствено мислење до кое ќе си се држиме. Ако ме прашувате мене, баш ми се допаѓа идејата да сум вонземјанка!

Што мислите вие? Дали луѓето со RH негативна крвна група имаат антички вонземјани за предци? Пишете ми подолу во коментарите!

One comment

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s