Книги

Можете да ги чуете ликовите од книгите во вашиот ум? Постои име за тоа!

Не, не сте луди! Оваа состојба навистина постои!

А јас мислев дека само мене ми се случува! Кој би рекол дека не само што има многу луѓе што ги слушаат ликовите од книгите во својот ум, туку исто така постои и име за оваа состојба? Имено, барајќи нешто интересно за споделување, наидов на оваа интересна тема што целосно ме обзема. Замислете го следново сценарио – цела вечер читате Хари Потер и следниот ден можете да се заколнете дека британскиот акцент на Хермиона ве следи каде и да одите. Таа едноставно ви зборува, а ниту Хермиона, ниту Ема Вотсон не се покрај вас. Овој чуден феномен се појавува кај петина од сите читачи, и поради својата распространетост си добил и име – искуствено преминување (оригинално: Experiential crossing).

Сензорно преоптоварување

Мора да признаам дека ова се добри вести – тоа значи дека не сум луда, ниту пак вие! Очигледно читањето добра книга може толку многу да ве внесе во приказната, што ќе почнете да ги слушате гласовите на ликовите во вашиот ум. Постои и студија што го поддржува овој феномен!

Ако слушате гласови од вашите омилени литературни ликови, дури и откако ќе престанете да читате, не грижете се. Искуственото преминување не е воопшто опасно. И покрај тоа што има чести недоразбирања дека аудитивните халуцинации се знак на психоза, како на пример, шизофренијата, многу луѓе без психолошко нарушување слушаат гласови во нивниот секојдневен живот, особено писателите и страсните читатели.

Во 2014 година, еден тим истражувачи испитале 1.500 доброволци на Интернационалниот фестивал на книга во Единбург. Според резултатите, 400 од испитаниците изјавиле дека слушаат некаков вид сензорни искуства додека читаат добра книга и/или откако ќе ја затворат. Нивните доживувања вклучувале гласови на карактерите, реакции а за некои дури и искусување на пејзажите, времето, миризбата, допирите и звуците што самите ликови ги опишуваат. Ви се случило нешто вакво?

И покрај тоа што истражувачите сè уште немаат дефинитивен одговор, тие забележале дека луѓето што искусуваат искуственото преминување исто така си зборуваат самите со себе. Тоа ме тера да си помислам дека има нешто поврзано со фантазијата на читателот или пак, со способноста да се ставите во нечии чевли. Вие што мислите?

И кога веќе зборуваме за книги, почнат е Летниот саем на книга што трае до крај на неделава, односно до 28-ми мај. Евентот можете да го ѕирнете тука, а ако веќе решивте да одите, тогаш сигурна сум дека сите издавачки куќи во Рамстор ќе бидат пресреќни додека ги разгледувате нивните книги. А ако сте расположени за научна фантастика, односно постапокалиптична дистопија, побарајте ги Антолог каде што можете да ја најдете мојата книга – На работ од времето. Ќе ми биде мило ако решите да ѝ дадете шанса и потоа го споделите вашето мислење со мене.

denes-zapochnuva-29-ot-megjunaroden-saem-na-knigata

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s