Ако не обрнете доволно внимание на овие космички облаци, дефинитивно ќе ја пропуштите скриената комета Кларк. Оваа фотографија што била направена ноќта помеѓу 23 и 24 мај ни овозможува неверојатен поглед кон разнобојноста на вселената што нашите очи немаат способност да ја забележат. Но покрај неверојатниот мозаик од бои, се крие и зеленикавата опашка на кометата Кларк што минала во близина на планетата Земја. Повеќе информации за оваа фотографија можете да прочитате тука.
