Астрономија

Јупитер каков што не сте го виделе досега!

И покрај тоа што и научниот дел бил многу интересен, сепак токму фотографиите објавени од НАСА е тоа што привлече најголемо внимание.

Деновиве излегоа многу новости за резултатите што научниците ги добиле од мисијата Juno на Јупитер и поради неверојатните фотографии тие брзо се раширија ширум целиот свет. И покрај тоа што и научниот дел бил многу интересен, сепак токму фотографиите објавени од НАСА е тоа што привлече најголемо внимание. Тие вклучуваат магичен поглед кон неверојатните полови, прстените и дел од фасцинантните бури што беснеат на површината. Исто така, за прв пат имаме можност да погледнеме и од внатрешноста на прстените кон надвор. Да, и Јупитер има прстени, иако тие не се толку импресивни како оние на Сатурн. Во продолжение следуваат дел од најпрекрасните нови фотографии од Јупитер. А ако сакате да прочитате повеќе за научните резултати, можете да го направите тоа тука.

Јужниот пол на Јупитер
Фотографии од 2-часовното вртење околу Јупитер
Дел од најневеројатните бури на површината
Моќта на камерите
Поглед од внатрешната страна на прстените, кон надвор
Истата фотографија, но со соѕвездие за ориентација
Гиф од аурорите на Јупитер

Ѕирнете го и ова едночасовно видео ако сакате да откриете нешто повеќе за резултатите, проследени со фотографиите, директно од научниците.

Дополнување: НА ЈУПИТЕР ПАЃА СНЕГ!

Не сите облаци на Јупитер се огромни ѕверови. Спектакуларни нови фотографии ни покажуваат меки бели облаци што фрлаат мали сенки на гигантската планета. Белите облаци, што достигнуваат ширина и до 80 километри, се толку високо во атмосферата на Јупитер што се толку студени што научниците веруваат дека се замрзнати.

„Паѓа снег на Јупитер, а ние сега гледаме како тоа функционира“, изјавил главниот истражувач Скот Болтон.

Погледнете ги и овие дополнителни фотографии и уживајте во неверојатните пејзажи на Јупитер!

Мали, светли облаци од воден лед и/или лед од амонијак ја опколуваат целата јужна тропска зона на Јупитер
Подобар поглед кон заледените снежни области на Јупитер
Неверојатно, се согласувате?
Оваа фотографија ни покажува високи бели облаци составени од воден лед и/или од лед од амонијак

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s