Книги

Книга на викендот #5: Крвава месечина – Катерина Шошко

Верувајте ми, во неа има сè што еден психолошки трилер треба да содржи!

Иако сум огромен љубител на научната фантастика, понекогаш едноставно имам потреба од добар трилер, можеби дури и хорор (затоа периодов и активно го читам Стивен Кинг!). Има нешто необјасниво интересно во криминалните мистерии, што нè водат во умот на уникатни луѓе чии мозок функционира на сосема различна бранова должина од нашата. Луѓе што не чувствуваат емпатија, што не можат да се поврзат на емоционално ниво и што едноставно не прават разлика меѓу доброто и злото. Накратко, оние што влегуваат во рамките на дефиницијата за психопати.

Да, отсекогаш сум била фасцинирана од психопатите, но не од оние функционалните, што научиле како да се снајдат во денешното општество и да ги искористат своите специфични карактеристики за да напредуваат во животот. Зборувам за оние чии „животински“ нагони се толку силни што тие едноставно не можат да ги надвладеат и на тој начин ја губат контролата над нив. Ве интересираат вакви приказни и вам? Имам одличен предлог!


Станува збор за „Крвава месечина“, првата книга на младата македонска писателка Катерина Шошко. Верувајте ми, во неа има сè што еден психолошки трилер треба да содржи! Но тоа што мене лично најмногу ме фасцинираше, беше ликот Луна. Таа е навистина морничава, но истовремено и лесна за сакање. Во моите мисли е исцртана како нежна и слатка девојка, во однос на физичкиот изглед, па затоа и секогаш ми беше интересно кога ќе дофрли некој погрден збор или ќе „истресе некоја зелена“ што воопшто не ми соодветствуваше на мојата замисла за неа. Со други зборови, таа е вистински пример за волк во јагнешка кожа! Навистина треба умешност за да се создаде таков контрадикторен лик, а Катерина без сомнение ја има!

Книгата е голема, приказната е опишана на повеќе од 400 страници, но поради начинот на кој е напишана ќе чувствувате како да е половина од тоа. Кога ќе стигнете до крајот дури и ќе посакате да има уште 400 страници плус, бидејќи нема да сакате да се одвоите од умот на Луна, чии мисли се толку заразни што по маратонско читање можете да ги слушате дури и откако ќе ја затворите книгата.

Ве заинтересирав? Лесно можете да ја пронајдете по нашите книжари или пак, онлајн на веб-сајтот Купи книга. Можеби веќе сте ја прочитале? Споделете го вашето мислење во коментарите подолу. Исто така ако имате некој предлог за читање, без разлика дали е странска или македонска книга, слободно пишете ми.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s