Гејмери и гејмерки, започна летната распродажба на видео игри на Стим!

Од вчера, 22 јуни, официјално започна лудата летна распродажба на видео игри на Стим. Овој настан ќе трае нешто помалку од две недели, односно до 5 јули, така што гејмери и гејмерки, имате доволно време да одлучите на кои видео игри оваа година ќе им дадете приоритет! Намалувањето на цените, како што можев да забележам, е од 30% до 90% (во зависност од самата игра, како и од годината кога е излезена), но најдобро е да барате колекции бидејќи на тој начин за смешна сума ќе добиете повеќе делови, ако не и сите, од омилените видео игри. Јас, на пример, лани ги земав сите делови од Tomb Raider, како и сите делови од Star Wars и дадов околу 40-тина евра за 27 игри! И да, знам дека сме нација што преферира пиратски видео игри – но ако сте тука и го читате овој текст, сигурна сум дека размислувате како мене – оригинална верзија, без багови и без вируси, е секогаш подобар избор од пиратските што понекогаш знаат и на цел компјутер негативно да влијаат. Особено кога се на ваква акција!

Изборот е преголем! Ако користите Стим, тогаш знаете дека ретко која видео игра не може да се најде таму. Исто така има и многу бесплатни онлајн игри, како Neverwinter и Star Trek Online што можат да ви овозможат илјадници часови гејмање за 0 денари! Кога сме кај Neverwinter, ако случајно сте фан на оваа игра, си бараме друштво со сестра ми, Кристина, за мисиите над 60-ти левел, па ако сте заинтересирани, знаете каде да ме најдете! 🙂 Океј, да се вратам на темата…

За да добиете слика за достапните игри и оние што се најпопуларни и најпродавани, следува еден скриншот од официјалниот веб-сајт на Стим…

Што се однесува до мојата листа, за оваа година им давам приоритет на Assassin’s Creed, како и на, верувале или не, Age of Mythology – таа ми е една од најиграните игри на детството и со оглед на тоа што нели, како и сите останати користев пиратска верзија, сега за прв пат би имала можност да ги тестирам моите способности против вистински луѓе ширум светот во обновената и подобрена верзија – јуху! Тина, знам дека го читаш ова, планирај си и ти да ја симнеш за да можеме заедно да го освоиме митолошкиот свет! 😛 Океј, мислам дека беше доста. Ќе го завршам овој текст тука. Убав ден на сите и уживајте во шопингот!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s