Книги

Антолог со нова книжарница во центарот на градот

Отворањето е денес (петок) во 19 часот во самиот центар на Скопје, на бул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок. 1, веднаш до Гимназијата „Јосип Броз Тито“.

antolog-so-nova-knizharnica-vo-centarot-na-gradot

Зарем има поубава вест од отворањето нова книжарница каде што се добредојдени и нашите крзнени пријателчиња? Секако дека не! Веќе се замислувам како си го шетам Дади (моето куче) и по пат накај дома си купувам нови книги..

„Новата книжарница е следната приказна што ја испишуваме на барање на нашите читатели, простор што ќе биде поблиску до книгољупците, но ќе го задржи оригиналниот уметнички концепт по кој досега нè препознаваа. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, и оваа книжарница ќе им понуди на љубителите на уметноста голем избор на книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори. Искрено се надеваме дека читателите и овде ќе пронајдат свое омилено книжевно катче, кое ќе им ги отвори вратите кон нови светови и во кое секогаш со задоволство ќе се враќаат“, велат од Антолог.

Антолог се познати по своите квалитетни преводи, но и големиот тим од македонски писатели со кои соработуваат, па ако сакате повеќе да читате македонски преводи или наши оригинални дела, тогаш ќе си ја најдете својата нова омилена локација. Исто така ќе ја искористам оваа шанса да спомнам дека таму можете да ја најдете и мојата прва книга – „На работ од времето“ (љубителите на научно фантастичната дистопија можеби ќе се израдуваат).

Отворањето е денес (петок) во 19 часот во самиот центар на Скопје, на бул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок. 1, веднаш до Гимназијата „Јосип Броз Тито“. Повеќе информации за настанот можете да најдете тука.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s