Занимливости

Популацијата на Земјата ќе достигне 9,8 милијарди до 2050 година

Со овој извештај станува појасно од кога било претходно дека мора внимателно да размислуваме за ресурсите што ги консумираме бидејќи не сме сами туку ја делиме планетата со милијарди други жители.

Според 2017 World Population Data Sheet, објавено од страна на Population Reference Bureau (го оставам во оригинална форма за да можете да го изгуглате ако сакате), до 2050 година планетата Земја ќе стане дом на 9,8 милијарди луѓе. Не знам за вас, ама мене тоа ми изгледа многу застрашувачко. Ова претставува зголемување од 31% за само 33 години и ги разгорува веќе постоечките грижи за заканата од пренаселеност.

Се очекува популацијата во Африка да се зголеми на 2,6 милијарди до 2050 година, за два пати повеќе од сегашната бројка. Ова опфаќа 57% од глобалното зголемување на популацијата во период од 33 години. Популацијата во Азија ќе се зголеми за 750 милиони, односно ќе достигне 5,2 милијарди, додека Американците од 1 милијарда ќе станат 1,2 милијарди.

Индија е на добар пат да ја надмине Кина како држава со најголема популација, достигнувајќи 1,7 милијарди во однос на досегашните 1,35 милијарди.

Во меѓувреме популацијата во Европа ќе доживее мало намалување, спуштајќи се од 745 милиони на 736 милиони.

Наглото растење на популацијата буди тешки прашања за човековата раса. Според извештаите, во моментов користиме 1,7 пати повеќе ресурси одошто би требало во текот на 1 година, и проблемот само ќе продолжи да се зголемува во следниве 3 декади.

Потенцијалните проблеми што можат да настанат од пренаселеност не им бегаат ни на дел од најголемите умови на светот. Сер Дејвид Атенбороу го опишува човештвото како „чума“ за планетата, додека пак, професорот Стивен Хокинг тврди дека мора да најдеме друг свет за живеење бидејќи брзо ќе ни снема место тука. Дури и Елон Маск зборувал за ризиците од пренаселеноста.

Проблемот е што едноставно не постои лесно решение. Пренаселеноста е комплексна етичка ситуација, предизвикана од напредокот на медицината што повеќето би го објасниле како неверојатно научно достигнување. Смртноста на бебињата е минимална, а луѓето живеат подолго од кога било порано.

Постојат различни видови обиди, како вертикални фарми, иновативни планови за градови и ограничување на емисиите што можат да ни помогнат да се справиме со товарот од пренаселеноста, но со овој извештај станува појасно од кога било претходно дека мора внимателно да размислуваме за ресурсите што ги консумираме бидејќи не сме сами туку ја делиме планетата со милијарди други жители.

Што мислите вие за оваа тема?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s