Не е лесно да се биде на безглутенска исхрана, но за просечниот јадач, ние можеме да изгледаме малку збунувачки (да, салатата е безглутенска и не, ти кој и да беше што работеше на каса на Фудио, не сакам салата, сакам гиро без пита!). Тоа ми беше и инспирацијата зад овој текст – да ви помогнам полесно да ги препознавате оние што не смеат (повторно, не смеам човеку, не е дека се глупирам само за да ти ја отежнам толку тешката работа да ставиш месо и компири во пластична чинија наместо во лепче!) да консумираат глутен…

1. Во непознат супермаркет, тие изгледаат изгубено барајќи ги безглутенските полици…

2. И мора да платат барем три пати повеќе за својата храна во однос на обичните смртници

3. Плус, потребно им е два пати повеќе време за одбирање производи бидејќи мора да ги прочитаат сите состојки

4. Секогаш културно одбиваат бесплатна дегустација

5. И лицето им се намрштува кога ќе ги поканите на вечера во ресторан

6. Каде што нивниот избор е за 90% помал од вашиот

7. А ако салатите ги опфаќаат останатите 10%, нема да видите насмевка на нивното лице до крајот на денот

8. Понудата да ја поделите вашата храна нема да ја подобри ситуацијата

9. Најважно од сè, мора да го испрашаат келнерот за сите состојки поединечно, чиј одговор секогаш завршува со зборовите: „Мора да се консултирам со готвачот“

10. Дури и кога ќе го порачаат истиот оброк како вашиот, нивниот изгледа ужасно

11. Сигурно отсекогаш сте се прашувале зошто нивниот оброк во Мекдоналдс изгледа вака:

12. Секогаш одбираат од тоа што можат да го јадат, а не од тоа што сакаат да го јадат

13. Поради тоа знаат и претерано да се израдуваат ако најдат нешто што истовремено можат и сакаат да го јадат

14. Ако ги поканите во вашиот дом и тие сè уште не ви веруваат, ќе си донесат своја храна

15. Особено ако спомнете „шведска маса“

16. Тие чувствуваат блага омраза кон луѓето што не јадат глутен без никаква причина

17. Но истовремено и чуден вид почит за издржливоста

Сепак, и покрај сè, големи се шансите да не нè забележите – толку добро сме извежбани!

😁😁😁
Ми се допаѓаМи се допаѓа