Занимливости

Кои држави имаат најголеми шанси да ја преживеат промената на климата и каде се наоѓа Македонија на оваа листа?

Оваа листа е составена според 3 категории - шансата за преживување, ранливоста на самата држава и подготвеноста за промена. Иако Македонија не спаѓа во првите 5 држави, ниту пак во последните 5, сепак има простор за подобрување.

Без разлика дали верувате во промена на климата или не, мора да признаете дека нешто навистина се случува со нашата планета. Живееме во сè позагадена средина, изложени сме на екстремно ниски и високи температури што се менуваат нагло, движејќи се од една во друга крајност и барем еднаш во годината доживуваме или читаме за природни непогоди што ги рушат сите рекорди. Да не почнам да зборувам за топењето на ледот на половите…

Инспирирани од овие промени, пред две години Универзитетот во Нотр Дам, Индијана, ја создале Иницијативата за глобална адаптација Нотр Дам (Notre Dame Global Adaptation Initiative – ND-GAIN) чии заклучоци и ден денес се ажурираат и се многу важни. Таа ги покажува ранливостите на секоја држава како и нивната подготвеност да се адаптираат. На пример, која е состојбата на нивната инфраструктура, на залихите со храна, на технолошките способности? Дали се склони кон природни катастрофи или политички проблеми? Дали авторитетите се подготвени за иднина во која владее кошмар предизвикан од промена на климата или пак, нивното внимание е одвлечено во друга насока?

Па, ако добро ја анализирате листата, ќе забележите дека државите што имаат најголема шанса за преживување на промената на климата се:

  1. Данска
  2. Нов Зеланд
  3. Норвешка
  4. Сингапур
  5. Велика Британија

Од друга страна пак, оние на дното на листата се:

  1. Централна Африканска Република
  2. Чад
  3. Еритреја
  4. Бурунди
  5. Судан

Ако се прашувавте за Македонија, за прв пат не се наоѓаме на самото дно. Браво за нас! На оваа листа Македонија се наоѓа на 56-тото место во однос на шанса за преживување, на 52-то место во однос на ранливост и на 63-тото место кога станува збор за подготвеност на промена. Кој би рекол?

Целата листа можете подетално да ја анализирате тука, каде што има можност и за подетално анализирање на трите главни категории клучни за преживување. Па, можеби сите би требало да се преселиме во Нов Зеланд, со оглед на тоа што редовно е на врвот на сите листи?

Што мислите вие за промената на климата?

One comment

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s