Филм и ТВ

3 нови серии од Нетфликс со кој во моментов сум опседната

Како голем љубител на ТВ серии (не прашувајте колку активно гледам, бидејќи и јас одамна престанав да бројам!), веќе ретко се случува некоја приказна толку да ме воодушеви, што откако ќе ја завршам сезоната, имам потреба да ја пуштам од почеток за да ги уловам сите детали што можеби сум ги пропуштила со првото гледање. Токму такви се овие 3 приказни од Нетфликс, што денес решив да ги споделам со вас и топло да ви ги препорачам. Има по нешто за сите - драма, криминал и акција!

1. Anne with an E (драма)

Не можам да се сетам кога последен пат некој карактер од малите екрани ме исполнил со толку надеж, оптимизам, среќа, радост и љубов. Ен ќе ве научи како да го сакате животот и неуморно да ја градите сопствената среќа, дури и кога минувате низ најтемните периоди од својот живот. Таа е светла точка меѓу многуте ТВ серии на Нетфликс и без разлика на расположението во кое моментално се наоѓате, ви препорачувам веднаш да ја пуштите и да се вратите во едно поедноставно време, како и да се потсетите дека постојано сте опколени со убавина – сè што треба е само да ги отворите очите за да ја забележите.

Добро е да знаете дека оваа ТВ серија е направена според книга, Anne from Green Gables, во случај да ве инспирира толку многу што ќе сакате да ја прочитате и писмената верзија!

2. Ozark (криминал, трилер)

Мора да признам дека бев скептична кога ја пуштив првата епизода од оваа ТВ серија, бидејќи никогаш не сум била фан на приказните од типот на „Breaking Bad“. Но има нешто поинакво во оваа сторија, што го следи сè поприсутниот тренд на добри момци или девојки што се нурнуваат во светот на криминалот, со цел да заработат доволно за удобно да живеат. Овој пат, го следиме животот на Марти и неговото семејство, додека тој се обидува да „пере пари“ за еден од најголемите картели во Мексико… Тој нè учи дека понекогаш не ни знаеме за што сме способни сè додека не се најдеме во ситуација од типот живот или смрт!

3. The Defenders (акција, авантура)

Океј. Од каде да почнам? Моите омилени суперхерои на Нетфликс – Daredevil, Jessica Jones, Luke Cage и Iron Fist се здружуваат за да го спасат Њујорк од можеби досега најзастрашувачката закана што некогаш сме ја виделе на малите екрани – The Hand! Оваа ТВ серија е исполнета со толку многу акција, што ќе ве натера да посакате веднаш да научите некоја боречка вештина за да можете безгрижно да шетате по сè поопасните маалски улички во текот на ноќта и ако случајно наидете на некој од нив, да можете веднаш да се препуштите на акцијата и да си одбраните градот! Ах, соништа…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s