Астрономија

Неверојатни факти за Марс што можеби не сте ги знаеле

Да се тргнеме малку од Земјата и да прошетаме на површината на нашиот најблизок сосед, Марс. Оваа чудесна планета крие многу мистерии што и до ден денес ги збунуваат научниците, па затоа тие постојано испраќаат вселенски летала и ровери за да ја проучуваат. Постои и план во следните 15 до 20 години да се испратат и првите луѓе што ќе имаат можност лично да ја доживеат Црвената планета.

Додека чекаме сè ова да се случи, во продолжение можете да прочитате дел од најневеројатните факти за Марс што можеби досега не сте ги знаеле…

1. Марс ги има најголемите планини во целиот Сончев систем

Олимпус Монс на Црвената планета е три пати повисок од нашиот Монт Еверест. Овој врв се наоѓа на височина од 22 километри и се протега на површина од 600 километри. За споредба, основата на оваа планина зафаќа површина колку цела Франција, а најинтересно од сè е што најверојатно се работи за вулкан што научниците веруваат дека има шанси сè уште да е активен.

2. Марс има метан во атмосферата

Во 2014 година, роверот Кјуриосити откри траги од метан што ги поттикна научниците од НАСА да размислуваат дека тоа може да биде знак за живот или доказ за антички заробен метан што пак, би укажувало на антички живот. Метанот може да се интерпретира како знак за биолошка активност (микробите го испуштаат), или пак, за геолошка активност.

3. Би се чувствувале многу полесно на Марс

Црвената планета е помала од Земјата и има многу помала површинска гравитација од нашиот дом. Токму затоа и кога луѓето ќе стапнат на Марс, веднаш ќе се почувствуваат многу полесно. Таму вие би искусиле околу 62,5% помалку гравитација од онаа на којашто сте навикнати на Земјата, па ако тежите 45 килограми, на Марс би имале само околу 17.

4. Марс и ден денес има замрзната вода на површината

Со неколку зборови, ова значи можност за живот. Марс има многу слаба атмосфера што не ѝ дозволува на водата да тече или пак, да се собира во големи количини на површината. Од друга страна пак, знаеме со сигурност дека има лед на половите, како и замрзнати локации ширум целата планета. Прашањето е дали мразот е способен да се истопи во доволно вода за време на летото за да поддржува какви било микроби.

5. На Земјата можат да се најдат парчиња од Марс

Во минатото, планетата била удирана од големи астероиди, исто како и Земјата. Повеќето од остатоците паднале повторно на планетата, но дел од нив биле исфрлени во вселената. Ова поттикнало неверојатно патување во кое тие се рашириле низ Сончевиот систем, а во некои ситуации, дел од нив завршиле и на планетата Земја.

6. Една година на Марс

Земјата е поблизу до Сонцето, па затоа и побрзо го завршува својот пат околу него. Но со оглед на тоа што Марс е малку подалеку, тој има подолг пат пред себе. Една марсовска година трае 687 денови на Земјата, додека пак денот е само 40 минути подолг од оној на Земјата.

7. Ледена доба

Според истражувањата, Марс излегол од ледена доба пред 400.000 година, а научниците сметаат дека тој изгледал отприлика вака за време на тој студен период.

 

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s