Безглутенска категорија

Безглутенски чоколаден десерт со вишни во чаша

За љубителите на благото што бараат безглутенски десерти, ова е наједноставниот но истовремено и највкусниот што некогаш ќе го направите!

Потребни состојки:

  • 200 грама темно чоколадо (70% какао)
  • 400 грама вишни во сируп
  • 1 пакување шлаг пена во прав
  • 4 јајца
  • 2 супени лажици шеќер

Начин на подготовка:

Стопете го чоколадото во огноотпорен сад поставен над тенџере со зовриена вода, па тргнете го настрана и оставете го 10-тина минути да се олади. Во меѓувреме, ставете ги вишните заедно со нивниот сируп во едно тавче и на среден оган мешајте ги додека да зовријат, а потоа тргнете ги настрана. Подгответе ја шлаг пената според инструкциите на пакувањето.

Одвојте ги белките и жолчките. Жолчките додајте ги во шлагот заедно со шеќерот, па матете сè додека не се комбинираат целосно. Посипете прстофат сол во садот со белките и потоа, изматете ги и нив додека не добиете густа смеса. Сипете го оладеното чоколадо кај кремот со жолчките и потоа многу нежно префрлете ја целосната смеса во онаа со белките.

Поделете ја мешавината во шест чаши или стаклени садови, така што ќе ја распределите на слоеви заедно со вишните и нивниот сируп. Декорирајте ја секоја чашка со една вишна на врвот.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s