Книги

Сезона на научна фантастика и фантазија: 4 класици и 1 сосема нова приказна

Официјално ја прогласувам сезоната есен/зима 2017/18 година за сезона на научната фантастика и фантазијата!

Работата како уредник на веб-сајт вклучува премногу читање, па најчесто по завршувањето на работното време сакам да се опуштам со пишување, гледање серии, гејмање или шетање на чист воздух. Ова понекогаш ми претставува проблем, бидејќи ми влијае на читањето книги во слободното време. Со таа цел, периодов решив да се вооружам со научна фантастика и фантазија, моите омилени жанрови, со цел да немам изговор да не читам. И бидејќи сметам дека собрав одлични наслови, решив да ги споделам и со вас со цел заедно да ја отвориме читачката сезона есен/зима 2017/18 година, што овој пат ќе ја наречеме сезона на научна фантастика и фантазија!

1. H. G. Wells

Нема да издвојам само едно дело од овој писател, бидејќи тоа едноставно не е возможно. Па ако сакате да се расположите со класична научна фантастика, тогаш ви ја препорачувам најдобрата што може да се најде! Во оваа колекција се наоѓаат книгите:

  • The Time Machine
  • The Island of Dr. Moreau
  • The Invisible Man
  • The War of the Worlds
  • The First Man in the Moon
  • The Food of the Gods

2. Dune – Frank Herbert

Ах таа Dune… Не можете да се наречете љубители на научната фантастика ако никогаш досега не сте чуле за оваа серија книги. И секако, бидејќи не може да се издвои само една книга – повторно, мора да одиме со целата колекција. Серијата ги вклучува следниве наслови:

  • Dune
  • Dune Messiah
  • Children of Dune

Но приказната не завршува тука. Ова е првата трилогија од приказната, а ако ве заинтересира како продолжува, тогаш можете да ги прочитате и останатите три книги од хрониката, односно God Emperor od Dune, Heretics of Dune, Chapterhouse: Dune.

3. Nemesis – Isaac Asimov

Верувале или не, ова е првата научно фантастична книга што се сеќавам дека сум ја прочитала сама. Да, татко ми и мајка ми се навистина големи љубители на жанрот и најверојатно ми ја пренеле оваа љубов уште во детството. И таа е толку добра, што решив да ја прочитам повторно, но овој пат тоа да биде англиската верзија (како помала го читав хрватскиот превод).

4. The Gunslinger – Stephen King

Имам некоја чудна опсесија со Стивен Кинг периодов. Фасцинирана сум од начинот на кој пишува, особено од оние хорор моментите, и го читам активно бидејќи сакам и јас да се обидам да ја совладам оваа вештина. Да исплашите некого со зборови – тоа е неверојатна умешност! Инаку оваа книга ни ја покрива фантазијата од сезоната за читање и да, ја ставив само првата книга од серијата што има девет дела! Да, добро прочитавте! Подгответе се бидејќи ќе ви треба многу време за оваа епска приказна!

5. Carve the Mark – Veronica Roth

Ја обожавам Вероника Рот! Трилогијата Divergent според мене е една од најдобрите научно фантастични приказни на модерното време (ако сакате да ги гледате филмовите, само првиот вреди и е прекрасен – другите, ве молам од дното на срцево, не ги пуштајте!). Оваа приказна всушност ме инспирираше конечно и јас да седнам и да ја запишам приказната што мене ми се вртеше со години во главата… Но, што е со новата приказна на која таа работи, Carve the Mark? Искрено, книгата ја купив веднаш штом излезе, и уште тогаш се обидов да ја читам, но ми се виде премногу комплицирана и не доволно објаснета за да можам живописно да го видам во мислите тоа што таа го замислила. Затоа и ја тргнав настрана за кога ќе имам повеќе време да ѝ се посветам. Тоа време е сега!

И за крај, секако, кога сум веќе на тема научна фантастика, мора да ја спомнам и мојата трилогија – Наследството на Вероника! Досега е објавена само една книга, првиот дел, односно На работ од времето, но во моментов работам на второто продолжение, чиј наслов сè уште не е дефиниран, па нема да го спомнам во случај да се решам на некаква промена… 🙂 Станува збор за постапокалиптична дистопија чие дејство е сместено во далечната иднина на планетата Земја. Можете да дознаете повеќе информации за мојата книга тука па ако сте заинтересирани или веќе сте ја прочитале, слободно пишете ми и бидете брутално искрени!

Имате некоја идеја со која би ја дополниле оваа листа? Пишете ми подолу!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s