Занимливости

Научниците откриле нови организми што се различни од сите познати форми на живот на Земјата

Научниците откриле сосема нов живот на планетата Земја што не може да биде сместен во ниту една позната категорија досега!

Ако го погледнете дрвото на животот, ќе забележите дека луѓето се споени со голем број суштества на планетата Земја, од кои со сите имаат една клучна заедничка карактеристика – ‘рбет! Само оваа карактеристика е доволна за да нè групира во иста класификација со кучињата, рибите и гуштерите.

Но, сè ова ќе се промени по неверојатното откритие од страна на истражувачите при Универзитетот во Куинсленд, Австралија кои откриле илјадници организми, толку уникатни, што не можат да бидат сместени во ниту една веќе постоечка класификација. Во центарот на ова истражување што било објавено во Nature Microbiology, се наоѓа нова техника наречена метагеномика. Станува збор за секвенцирање на целата ДНК од примерок од одредена околина, како на пример, земја, вода, измет… со цел да се дознае метагеномот на тој примерок.

Научниците користеле база на податоци со повеќе од 1.500 метагеноми со цел да ги реконструираат индивидуалните геноми на 7.280 нови бактерии и 623 нови археи. Од овие микроорганизми, скоро третина биле нешто што научниците никогаш досега не го виделе!

„Вистинската вредност на овие геноми е тоа што многу од нив се еволутивно различни од претходно откриените геноми“, вели водечкиот истражувач Џин Тајсон. „Тие ја зголемуваат еволутивната разноликост помеѓу бактериите и археичните геноми за околу 30%!“

Микроорганизмите се многу тешки за проочување. Научниците досега успеале да идентификуваат 1-2% од сите познати бактерии и археи во лабораторијата, па нивното анализирање во природните услови преку метагеномиката може да е единствениот начин конечно да го завршат своето истражување.

Сепак, дури и покрај тоа што тие се мали, овие микроби имаат големо влијание на нашиот свет.

Во моментов, резистентноста на антибиотици е глобален проблем со епски пропорции. Микробите наоѓаат начини како да се адаптираат на антибиотиците што во моментов ги добиваме за третирање здравствени проблеми, па резистентноста секоја година убива сè повеќе луѓе.

Нови форми на антибиотици скоро секогаш се наоѓаат во бактерии и габи, па новите видови што биле откриени од страна на овие научници со тек на време можат да се развијат во подобри антибиотици што се поефективни во борбата против резистентните бактерии.

Претходни истражувања идентификувале и уникатни индустриски и еколошки цели за микробите. Тие се користени за да се создадат ѓубрива за агрикултурата, и етанолот што го создаваат може да се пронајде во боите, детергентите и други производи. Научници од Велика Британија забележале и нова еволуција на микроби во океаните што почнала да ги јаде поголемиот дел од пластичните отпадоци што ги загадуваат нашите води, како и бактерии што живеат од јаглерод диоксид што понатаму можат да ни помогнат во битката против промената на климата.

И покрај сите потенцијални употреби за овие нови идентификувани организми, самото нивното откритие е возбудливо затоа што може да ни каже нешто сосема ново за светот што го делиме. Ако ве интересира нешто повеќе на оваа тема, целосниот текст можете да го прочитате тука.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s