Уште од првата аудиција, Дарси Лин беше мојата фаворитка. Толку многу ми се допадна што воопшто не се ни трудев да ги следам останатите настапи (со исклучок на неколку на Анџелика Хејл, која беше рамо до рамо со Дарси во финалето, но сепак не успеа да ја престигне) бидејќи едноставно знаев дека таа ќе победи. Па доколку сè уште не сте имале можност да ја чуете – еве ги сите нејзини настапи по ред… Повелете и друг пат!