Занимливости

Тетоважи што менуваат бои би можеле да ни помогнат подобро да го следиме нашето здравје

Интересна соработка помеѓу Универзитетите МИТ и Харвард резултирала со фасцинантен нов начин за следење на нашето здравје преку крвта. Иако тимот во моментов нема планови да почне со клинички студии, сепак технологијата ни дава увид во иднината на медицината.

Истражувачите што работеле на овој проект создале мастило за тетоважи што може да овозможи инстантни извештаи за здравјето доколку се случи некоја промена во крвта. Мастилото реагира на одредени внатрешни течности, поточно на оние во кои се сместени нашите клетки, овозможувајќи ни уникатен начин да се следи гликозата, натриумот и ph нивоата во крвта.

Идејата за проектот DermalAbyss е да ѝ овозможи на секоја индивидуа да си одбере свој дизајн на кој било дел од телото. Тетоважата потоа ќе менува бои во зависност од количината на активниот агенс. На пример, ако постои зголемување на шеќерот во крвта, таа ќе ја смени бојата од сина во кафена.

Оваа технологија е генијална интеракција на секторите за телесна уметност, медицина и био-сензори. И покрај тоа што истражувачите немаат план да го препуштат своето мастило на јавноста, сепак потенцијалот на проектот е бескраен и идните генерации на научници можат подетално да го истражуваат и прошируваат.

Иднината навистина пристигнува и секојдневно гледаме неверојатни идеи и постигнувања што дури и најголемите скептици ќе ги остават без зборови. Што мислите вие за овој проект? Дали би сакале да имате тетоважа која би можела на време да ве извести за некаков здравствен проблем?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s