Занимливости

Како тардиградите успеваат да преживеат во вселената?

Малите водени мечиња, познати и како тардигради, се единственото животно што може да го преживее студениот, озрачен вакуум на вселената. Тоа се случува поради една посебна адаптација што им овозможува на овие 8-ножни микроскопски животни да лебдат и да преживеат длабоко во вселената.

Овие цврсти водени мечиња не растат повеќе од еден милиметар во должина, а постојат повеќе од 1.000 идентификувани видови. Водните микроскопски животни живеат на влажни парчиња влага и во седиментите на дното на езерото. Тие се исхрануваат со бактерии или растителен живот.

Во 2007-ма година, научниците откриле дека овие микроскопски чуда можат да преживеат подолго време дури и во вселената. Истражувачите од Европа пратиле група тардигради во орбитата на Земјата на десет дена, на надворешноста од ракетата FOTON-M3. Кога се вратиле на планетата, научниците откриле дека 68% од нив преживеале.

Самиот вакуум имал многу мало влијание на суштествата, но поголем проблем направила ултравиолетовата радијација, што предизвикала штета на клеточниот материјал и нивната ДНК. Пред да биде направен овој експеримент, се верувало дека само лишаите и бактериите можат да ја преживеат комбинацијата од вакуум и вселенска радијација.

„Ниту едно животно не успеало да преживее во вселената досега“, вели биологот Боб Голдстејн од Универзитетот во Северна Каролина. „Откритието дека овие животни успеале да преживеат 10 дена во вселената и притоа да создадат добри ембриони е навистина неверојатно.“

Па, зошто се овие животни толку отпорни? Авторите на студијата не се сигурни што предизвикало тие да преживеат. Сепак има неколку теории. Тие веруваат дека нивната сила може да доаѓа од способноста за адаптација што им дозволува на тардиградите да се вратат во живот откако ќе бидат исушени.

Оние видови што живеат на копно еволуирале со бизарно решение како да ја преживеат сушата. Кога нивната околина ќе се исуши, истото го прават и тие. Тардиградите влегуваат во состојба наречена дехидрирање при што губат 3% од водата во нивното тело. Исто така нивниот метаболизам се намалува до неверојатни 0.01% од својата нормална брзина.

Во оваа состојба, тардиградите продолжуваат да опстојуваат, не правејќи ништо, додека повторно не се најдат во вода. Кога ќе се случи тоа, животното се враќа во живот како повторно намокрен сунѓер и си продолжува како ништо да не се случило.

Уште поинтересно е што тардиградите можат да преживеат во оваа состојба повеќе од една декада. Неколку истражувачи веруваат дека постојат видови што можат вака да преживеат и до еден век. Сепак просечниот живот на тардиградите, кога се наводнети, не е подолг од неколку месеци. Фасцинантно, се согласувате?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s