Филм и ТВ

Погледнете го трејлерот за Crisis on Earth-X и подгответе се за забрзано биење на срцето!

Нашите омилени карактери од Arrow, Flash, Supergirl и Legends of Tomorrow се здружуваат за борба против нова и уникатна закана за човештвото!

Океј, најпрво да си ја испразнам душичкава и да си кажам дека новите сезони од Arrow, Flash и Supergirl се далеку од најдобри досега, особено Flash која поради некоја причина се претвори во тинејџерска романтична драма што би била забавна само за девојчиња на 13 и 14 години…

Arrow, која долго време ми е една од омилените ТВ приказни, оваа сезона изобилува со досадна монотонија! *ВНИМАНИЕ, СЛЕДУВААТ СПОЈЛЕРИ! АКО НЕ СТЕ ВО ТЕК СО ARROW, ПРЕМИНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ПАСУС!* Никој не сака да го гледа Дигл во костимот на Ероу, а Оливер во улогата на лигав татко и внимателен градоначалник, не знам како воопшто им текнало нешто вакво.

Што се однесува до Supergirl, таа си продолжува со пренагласување на „girl power“, што од една страна е во ред, но од друга малку заморува – добро е, јасно ни е дека жените можат да прават сè како мажите, дури и подобро, не мора да се спомнува тоа во секоја втора сцена.

Имајќи го сè ова на ум, Legend’s of Tomorrow со секоја нова сезона стануваат сè подобри и подобри. Оваа сезона го достигнаа врвот на мојата листа и ако продолжат со ова темпо, сигурна сум дека ќе останат таму подолго.

А сега конечно да преминам и на најважното, односно на трејлерот за овогодишниот кросовер. Погледнете само колку епски изгледа! Crisis on Earth-X ќе трае четири часа, односно четири епизоди, а ќе се емитува на 27 и 28 ноември, по две епизоди во една вечер. ЕДВАЈ ЧЕКАМ! ❤

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s