Безглутенска категорија

Три едноставни рецепти за здрави и вкусни безглутенски сендвичи

Неколку идеи за безглутенски сендвичи кои ќе ве наполнат со енергија и ќе ја задоволат вашата потреба за вкусна храна. Уживајте!

1. Сендвич со бадеми и банани

Потребни состојки:

  • Безглутенски леб (моја препорака: Рустико од Schar)
  • 2 лажички путер од бадеми
  • 1/2 банана

Начин на подготовка: Намачкајте ги лепчињата со бадемовиот путер. Исечкајте ја бананата на ситни кружни парчиња, во количина доволна за да ја прекрие целата површина и наредете ги над путерот за да може да се залепат. Ставете го второто парче леб над нив и вашиот сендвич е готов!

2. Сендвич со авокадо и туна

Потребни состојки:

  • Безглутенски леб
  • 300 грама туна од конзерва
  • 1 1/2 авокадо со средна големина
  • 1/2 краставица
  • 30 грама кромид, излупен и исечкан
  • 30 грама коријандер, исечкан
  • 1 парче целер со средна големина, исечкано
  • 1/2 лажичка лук во прав

Начин на подготовка: Исцедете ја туната и ставете ја во сад со средна големина. Додајте го авокадото и изгмечете ги со виљушка на што е можно поситни парчиња. Потоа додајте ги и краставицата, кромидот, коријандерот и лукот во прав. Мешајте додека не добиете комбинирана смеса. Слободно зачинете со прстофат сол и бибер за дополнителен вкус. Смесата може да се чува во фрижидер до три дена.

3. Сендвич со печеница, кашкавал и јаболко

Потребни состојки:

  • 1 лажица јаболково желе
  • 30 грама сенф
  • Безглутенски леб
  • 8 парчиња безглутенска печеница
  • 4 парчиња чедар кашкавал
  • 1 јаболко, излупено и исечкано на ситни парчиња
  • Путер

Начин на подготовка: Загрејте го тостерот. Ставете го желето во микробранова на максимална температура и почекајте да се стопи (околу 10 секунди). Земете сад и комбинирајте го желето со сенфот, а потоа нанесете ја мешавината на една страна од парчињата леб. Поставете два реда печеница, едно парче кашкавал и прекријте ја површината со парчињата јаболко. На крај завршете со уште едно парче леб. Премачкајте ги сендвичите со путер и ставете ги во тостерот на околу 2 минути.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s