Занимливости

Научниците создале синтетички молекул што може да стави крај на резистенцијата на антибиотиците

Во борбата против супербактериите, истражувачите откриле нов начин да го спречат ширењето на гените што ја пренесуваат резистентноста на антибиотиците. Тимот веќе работи на развивање инхибитори што можат да се користат во клинички истражувања.

Ако сте хипохондрици како мене, тогаш сигурно имате доста истражувано за резистенцијата на антибиотиците. Таа сè почесто се појавува кај бактериите, станувајќи сериозен и глобално препознатлив проблем. Всушност, Обединетите нации пред година дена го прогласија овој проблем за криза и Светската здравствена организација неодамна изјави дека ситуацијата брзо се влошува.

Замислете да закачите некоја бактерија и да не можете да се ослободите од неа со помош на антибиотици (досега беа потребни 10-тина апчиња во период од 5 дена за целосно заздравување), па да ја носите во себе додека не стане смртоносна за вашиот организам. Застрашувачко, нели?

Постојат голем број одговори за резистенцијата на антибиотиците, но решението изгледа се крие во истражувањето на група научниците од Универзитетот во Монтреал, Канада. Тие истражуваат метод што може да го блокира трансферот на гените што ја носат оваа резистенција на антибиотици во себе.

Нивната идеја е да го спречат механизмот што дозволува гените за резистенција на антибиотици да бидат кодирана во плазмидите – ДНК фрагменти што носат гени кои ги кодираат протеините што ја прави бактеријата отпорна на лекови. Со други зборови, тие ги нашле точните делови во кои се случува ова пренесување, создавајќи си уникатна можност да дизајнираат хемиски молекули кои ќе го намалат трансферот на овие плазмиди.

Смртоносен проблем

Ефектите на бактериите кои се резистентни на антибиотици се и повеќе од застрашувачки. Антибиотиците остануваат критичен дел од модерната медицина, па кога тие ќе станат неефикасни, се соочуваме со супербактерии кои се многу тешки за отстранување. Антибиотиците меѓу другото се користат и за време на операциите, како и во третманите за рак.

Според извештаите на научниците од Велика Британија во 2014 година, наречени Review on Antimicrobial Resistance, резистентните бактерии би можеле да го одземат животот на околу 10 милиони луѓе до 2050 година. Ова не е тешко за замислување со оглед на тоа што веќе постојат околу 480.000 случаи на резистентна туберкулоза на годишно ниво ширум целиот свет.

На кратко, резистенцијата на антибиотиците е проблем што мора да биде решен што побрзо, започнувајќи од сега. За среќа постојат голем број научни тимови што веќе работат на решение, од кои некои се близу до откритие, како гореспоменатите научниците од Канада или оние од Австралија за кои неодамна пишував. Се надевам ќе се најде решение набрзо, бидејќи во спротивно ситуацијата може да стане многу полоша одошто замислуваме.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s