Занимливости

Уште една причина плус зошто треба да престанете да си го средувате креветот од сабајле

Оваа информација ми дојде како цреша на шлагот затоа што никогаш не сум сакала да си го средувам креветот (која е поентата, кога за кратко пак ќе си легнам?), а и искрено, не се сеќавам ни кога последен пат сум го направила тоа...

За многумина оваа активност е првата на листата со обврски, бидејќи владее мислењето: „Ако си го средам креветот, денот ќе ми започне со постигнување и ќе тргне во правилната насока!“ Тоа им дава чувство на зголемена продуктивност и ги полни со енергија, правејќи ги спремни за предизвиците што ги очекуваат зад вратата од спалната соба.

Но без разлика дали си го средувате креветот секојдневно или како мене, не се сеќавате кога последен пат сте го сториле тоа, бидејќи ја гледате оваа активност како за џабе потрошено време, еден научник вели дека тоа не е најдобриот начин да го почнете денот – од здравствена гледна точка!

Сигурно веќе знаете дека никогаш не спиете сами, односно дека повеќе од 1,5 милиони прашински грини си легнуваат заедно со вас и иако тие не се баш опасни, кај некои луѓе може да предизвикаат астма и алергии. Ако и вие спаѓате во втората група, постои десетгодишна теорија од BBC News која ни сугерира дека единствениот начин да ги задржите прашинските грини подалеку од вас, е да престанете да си го средувате креветот.

Истражувачот Стивен Претлов изјавил за BBC News пред неколку години дека оставањето растурен кревет наутро ќе ги спречи овие минијатурни суштества да си направат дом во чаршафите. Тие живеат во топла и влажна околина, па ако го оставите креветот несреден, постојат големи шанси да го нарушите нивното совршено живеалиште.

„Ние знаеме дека прашинските грини можат да преживеат само ако земаат вода од атмосферата со помош на нивните мали жлезди надвор од телото“, вели истражувачот. „Па, ако го оставите креветот несреден во текот на денот, вие ќе ја отстраните влажноста од чаршафите и душеците, па тие ќе дехидрираат и со тек на време ќе изумрат.“

Имајќи го ова на ум, истражувачката Каролин Форт не верува дека растурениот кревет е доволна причина да ги спречи прашинските грини да се вселат во него, бидејќи повеќето домови се природно по малку влажни, па тие би можеле да преживеат и во ваква клима.

Сепак, таа препорачува да ги оставите ќебињата да се изветреат додека го пиете вашето утринско кафе и дури потоа да го наместите креветот. Таа исто така препорачува и промена на чаршафите на максимум две недели и купување нови перници на секои две години.

Не знам за вас, но ова е само уште причина плус да продолжам да не си го средувам креветот. Без разлика дали навистина ги „брка“ прашинските грини или не, растурениот кревет не само што ми е поудобен за легнување по долгиот работен ден, туку и ми заштедува некоја минута од сабајле кога се спремам за почетокот на денот.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s