Астрономија

Или ѕвездите се чудни или 234 вонземјански раси се обидуваат да комуницираат со нас

Дали тие навистина откриле како да разликуваат обични вселенски сигнали од оние што би требало да доаѓаат од интелигентни суштества? Или можеби станува збор за едноставна и лесно објаснива грешка во инструментите и податоците?

Сите ние сакаме вонземјаните да постојат, а верувајте никој не го сака тоа повеќе од мене. Зелени, розови, кафеави, шарени… а можеби и Вулканци, Клингонци, па дури и суштества од чиста енергија – секој вид би бил соодветен, за малку да ни се размрда светов и човештвото конечно да сфати дека има нешто повеќе од глупости како војни, криминал и други видови страдања предизвикани од „доминантната“ раса на планетава.

Токму затоа и секој пат кога ќе се појави некаков мистериозен сигнал или енергетска флуктуација од некој далечен дел на вселената, насловните страници на списанијата експлодираат со прашања како: „Дали конечно идентификувавме вонземјански сигнал?“ или „Дали астрономите открија вонземјанска мегаструктура?“ Но научниците знаат дека најверојатно брзаме со заклучоците.

Скептицизмот сè уште ги следи овие наслови, како и настаните кои тие ги инспирираат. Така и треба да биде, бидејќи едноставно не можеме ни да замислиме да постои друга алтернатива освен онаа што секојдневно ја гледаме – а тоа е дека сме сами во универзумот. Но со овој скептицизам најчесто балансираме помеѓу реалноста и фантазијата, па тоа не значи и дека веднаш критички ги отфрламе идеите дека можеби сепак сме уловиле некој вонземен сигнал.

Станува збор за една студија од Е. Ф. Бора и Е. Тротиер, двајца астрономи од Универзитетот Лавал во Канада. Нивната студија, наречена „Discovery of peculiar periodic spectral modulations in a small fraction of solar type stars“, била објавена во Publications of the Astronomical Society of the Pacific.

Тие користеле податоци од Sloan Digital Sky Survey и анализирале повеќе од 2,5 милиони ѕвезди. Од сите тие ѕвезди, откриле дека 234 создаваат збунувачки сигнали. Тоа е многу мал процент, но може да укажува на фасцинантно откритие. Според нив, овие сигнали ја имаат идеалната форма на вонземјански сигнал (наречен ETI) што бил предвиден во претходна студија на Бора.

Дел од 234-те ѕвезди се извори на пуслирачки ETI сигнали. Тоа што исто вреди да се спомне е дека сите ѕвезди се слични на нашето сонце. А ако претпоставиме дека нашето сонце е способно да одржува живот, зошто да не го помислиме истото и за оние ѕвезди слични на него?

Предвидувањето е клучен дел од научниот метод. Ако развиете теорија, таа ќе изгледа сè подобро како што ќе ја користите за да предвидувате идни настани базирани на неа. Погледнете само колку пати предвидувањата на Ајнштајн базирани на Теоријата за релативноста биле докажани како вистинити.

Сепак, авторите укажуваат на пет потенцијални причини за нивните откритија:

  • Влијание на инструментите и редукција на податоците
  • Ротациони транзиции во молекулите
  • Фуриеровата трансформација на спектрални линии
  • Брзи пулсации
  • И за крај, сигналите ETI предвидени од Бора

Тие веќе ги отфрлиле молекулите и пулсирањата како можни причини, а сметаат и дека изворот на сигналите не би требало да може да се предизвика од самата Фуриерова анализа. Ова остава два можни извора на откриените сигнали – или тие се создадени од самите инструменти и редукцијата на податоци или навистина се сигнали од вонзејманска интелигенција. Следниот графикон го покажува бројот на детектирани сигнали, па можете и самите да видите колку фасцинантно изгледа сето ова.

Па, што мислите? Дали тие навистина откриле како да разликуваат обични вселенски сигнали од оние што би требало да доаѓаат од интелигентни суштества? Или можеби станува збор за едноставна и лесно објаснива грешка во инструментите и податоците?

Доколку ве интересира повеќе на оваа тема, прочитајте ја оригиналната објава тука.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s