Книги

Најдобрите книги за 2017 година според Гудридс

Ова може да биде вашата листа за читање во 2018 година!

Гудридс, најпопуларниот веб-сајт за книги, ги објави овогодишните добитници на престижната титула „Најдобра книга за 2017 година“. Книгите повторно беа поделени во 20 категории, во кои беа сместени најпопуларните наслови од кои само една заслужено се ја доби својата награда. Во продолжение следуваат најдобрите 20 книги за 2017 година, што без сомнение треба да се најдат на вашата листа за читање (ако веќе не сте ги прочитале!).

Фикција

Little Fires Everywhere – Celeste Ng

Оваа писателка прв пат го привлече вниманието со книгата Everything I Never Told You, којашто во 2014 година беше номинирана на Гудридс за најдобар дебитантски роман. Во 2017 година, таа ја добива наградата за најдобра фикција! Дејството во книгата се одвива во родниот град на писателката, Шејкер Хајтс, Охајо, во 1990-тите години. Таа ги истражува семејните врски, расните поврзаности и тоа што им го должиме на оние што ги љубиме.

Мистерија и трилер

Into the Water – Paula Hawkins

Таа повторно успеа! Пред две години Паула Хокинс ја доби истата награда за дебитантската книга The Girl on the Train, по што имавме можност да уживаме и во одлична филмска адаптација инспирирана од нејзината приказна. Оваа година таа ја доби истата награда за втората книга, Into the Water! Можеби нè очекува уште еден филм за брзо време? Станува збор за психолошки трилер што ќе ги одведе читателите во мал град каде што смртта на една жена ќе открие темна историја од тајни, скандали и убиство.

Историска фикција

Before We Were Yours – Lisa Wingate

Овогодишниот победник во оваа категорија ни раскажува моќна приказна за семејството, неправдата и моќта на искупението. Авторката маестрално ја црпи нејзината инспирација од реалниот скандал на една агенција за посвојување во Мемфис, кои краделе деца и ги продавале на богати фамилии. Со 30 романи зад неа, овој бестселер е првата победа на Лиза Вингејт на Гудридс.

Фантазија

Fantastic Beasts and Where to Find Them: The Original Screenplay – J.K. Rowling

Никогаш не ја потценувајте моќта на магичниот свет што го изгради Џ. К. Роулинг. Овој пат, таа добива награда за дебитантското сценарио што го следи животот на Њут Скамандер, кој изгубил еден од неговите палави магични суштества, во 1920-тите години во Њујорк.

Романса

Without Merit – Colleen Hoover

Колин Хувер одамна се смета за кралицата на модерните љубовни приказни. Таа трета година по ред е победник во категоријата Најдобра романса. Оваа година таа ги маѓепса читателите со книгата Without Merit – приказна обвиена со каење, семејна драма и пајажина од лаги, откако незаборавната хероина ризикува да го изгуби човекот што го сака по откривањето ужасна тајна.

Научна фантастика

Artemis – Andy Weir

Читателите го обожаваат овој писател до месечината и назад! Откако ја доби наградата за Најдобра научна фантастика во 2014 година за неговиот возбудлив дебитантски роман, The Martian, тој ги добива истите пофалби и за неговата втора книга. Делумно вселенска авантура, делумно приказна за возбудлива кражба, Artemis го следи животот на младата шверцерка Џез Башара, која ќе се најде во средината на заговор на првиот и единствениот град на месечината.

Хорор

Sleeping Beauties – Stephen King, Owen King 

Стивен Кинг има освоено многу награди од Гудридс, но ова е првата победа за неговиот син, Овен. Дуото татко и син ја „уништи“ конкуренцијата со својот прв заеднички роман, Sleeping Beauties, хорор приказна за тоа што се случува кога сите жени на светот заспиваат и се обвиваат во еден вид кожурец, низ кој патуваат во сосема поинаков свет од кој не смеат да бидат разбудени.

Хумор

Talking as Fast as I Can: From Gilmore Girls to Gilmore Girls, and Everything in Between – Lauren Graham

Оваа книга е напишана од страна на актерката Лорен Грејам, позната по својата улога во ТВ серијата Gilmore Girls. Станува збор за колекција од духовити есеи за нејзините почетоци во Холивуд. Книгата исто така е и љубовно писмо за тоа што писателката го нарекува „животна улога“, односно за Лорелај Гилмор.

Стручна литература

How to Be a Bawse: A Guide to Conquering Life – Lilly Singh

Ѕвездата на Јутјуб и комичарката Лили Синг, подобро позната по нејзиниот јузернејм, ||Superwoman||, е овогодишната победничка во категоријата Стручна литература. Таа има повеќе од 12,7 милиони сабскрајбери на Јутјуб и над 7 милиони следбеници на Инстаграм, што со сигурност ѝ помогнале да се здобие со оваа титула. Во книгата таа ги споделува тајните за својот неверојатен успех.

Мемоар и автобиографија

What Happened – Hillary Rodham Clinton

Хилари Клинтон беше номинирана за нејзиниот мемоар Hard Choices во 2014 година, но овогодишната победа за What Happened е нејзината прва на Гудридс. Оваа автобиографија ја опишува нејзината кандидатура, но и загубата, како првата жена во историјата на Америка што била номинирана за претседател од голема политичка партија.

Историја и биографија

The Radium Girls: The Dark Story of America’s Shining Women – Kate Moore 

Во сенките на Првата светска војна, авторката на бестселери Кејт Мур, трага по животите на стотици млади жени кои страдале во фабриките за радиум. Тоа што следува е вистинска приказна за неверојатната сила на средина од скандал и застрашувачка корупција. Ова е првата номинација на Кејт Мур и првата победа во оваа категорија на Гудридс.

Наука и технологија

Astrophysics for People in a Hurry – Neil deGrasse Tyson

Саканиот астрофизичар Нил Деграс Тајсон доби многу признанија во текот на неговата кариера. Оваа година, бестселерот Astrophysics for People in a Hurry беше сјајна ѕвезда и на наградите на Гудридс, освојувајќи победа во категоријата Наука и технологија. Неговата страст за космосот, во комбинација со приземјениот хумор, доведе до освојување на сите срца на читателите што имаат малку време, а сакаат да знаат многу повеќе за астрофизиката.

Храна и книги за готвење

The Pioneer Woman Cooks: Come and Get It! Simple, Scrumptious Recipes for Crazy Busy Lives – Ree Drummond

Оваа писателка веќе има освоено две награди на Гудридс, а третата ја доби со најновата книга со рецепти направена за луѓето што сакаат да готват, но немаат многу време за да ѝ се посветат на кујната.

Графички новели и стрипови

Big Mushy Happy Lump – Sarah Andersen 

Сара Андерсон ја доби наградата во оваа категорија и за 2016 година, со својата дебитантска приказна, Adulthood Is a Myth. Оваа година, нејзиното продолжение, Big Mushy Happy Lump, повторно е победник. Колекцијата вклучува илустрирани лични есеи за нејзините вистински искуства со анксиозноста, работата и врските.

Поезија

The Sun and Her Flowers – Rupi Kaur 

25-годишниот феномен, Рупи Каур, е најдобро позната по новата категорија поети наречени „инстапоети“. Таа има над 1,8 милиони следбеници на Инстаграм, каде што редовно ги споделува своите стихови. Нејзината прва книга, Milk and Honey, која самата ја објавила, се продала во над 2,5 милиони копии. Но наградата за Најдобра поезија ја добива за втората колекција, The Sun and Her Flowers.

Дебитантски писател на Гудридс/Фикција за млади возрасни

The Hate U Give –  Angie Thomas 

2017 година без сомнение е годината на Енџи Томас. Не само што таа доби две награди од Гудридс, туку се планира и филмска адаптација на нејзината книга The Hate U Give која скоро цела година се задржала на листата на бестселери од Њујорк Тајмс. Станува збор за приказна која ја следи Стар Картер, 16-годишна девојка која го наоѓа нејзиниот глас откако нејзиниот најдобар пријател од детството е убиен од страна на полицијата.

Научна фантастика за млади возрасни

A Court of Wings and Ruin – Sarah J. Maas 

Сара повторно се враќа на врвот на оваа категорија, освојувајќи ја наградата за Најдобра научна фантастика за млади возрасни. Таа била номинирана во оваа категорија од 2012 година, и воопшто не е чудно што повторно победи. Ова е третиот дел од нејзиниот хит за млада ловџијка во мистериозен свет.

Детски книги

The Ship of the Dead – Rick Riordan 

Титанот во оваа категорија, Рик Риордан, добива уште една победа за новата книга, The Ship of the Dead. Тој повторно пишува за митолошки суштества, продолжувајќи ја приказната за еден тинејџер кој бил бездомник и неговата епска трансформација во еден од избраните воини на Один. Ова е втор пат како оваа серија книги е номинирана, а вкупно е седмата победа по ред на Рик.

Сликовници

We’re All Wonders – R. J. Palacio

Инспирирана од нејзината книга за деца Wonder, Ракел решава да создаде сликовница со истата порака. Овој пат, ја следиме Оги вонземна авантура што ќе ги охрабри малите умови да гледаат подалеку од надворешноста и подлабоко во внатрешноста на секоја личност.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s