Со големо задоволство го најавувам почетокот на Зимскиот саем на книгата во ГТЦ! На едно место ќе можете да ги најдете најчитаните и најбараните изданија на Антолог, Култура, Литература, ТРИ, Сакам книги, Полица, ТОПЕР и Едука Мак. Саемот започнува денес, на 25-ти декември и ќе трае до 30-ти декември. Зарем има подобар начин да се заврши годината од брдо нови книги?

Ќе ја искористам оваа шанса да ја спомнам и мојата книга, која исто така може да се најде на Зимскиот саем. Ако сте расположени за научна фантастика, односно за постапокалиптична дистопија, тогаш побарајте ја „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“, на штандот на Антолог. Или можеби веќе ја имате прочитано? Баш би сакала да го чујам вашето мислење! Оставете коментар на Гудридс – секоја критика, без разлика дали е позитивна или негативна, има големо значење за мене.

Се гледаме таму!