Писмата од Мишима

Тотален крш

За сите оние што биле оставени без збор, без никакво објаснување, како стар и износен партал...

3 часот наутро. Зуење во ушите. Заматен поглед. Мокри образи. Се чувствувам толку осамено. Отфрлено. Лежам во креветот. Се чувствувам толку безживотно. Го слушам само своето забавено дишење и срцебиењето после плачењето, придушено од перницата. Посакувам да го извадам срцево од градите и да го запалам. Никогаш повеќе да не чувствувам. Можеби така ќе биде полесно. Мислите не ми дозволуваат да заспијам. Се прашувам каде грешам… Како очекувам некој да ме сака кога сум тотален крш?

Што ако сум заборавила како е да се биде сакан? Што ако со сакањето на погрешните оставав делови од себе, за на крај да остане само еден крш од мене, обичен шут?

Ме оставале и си заминувале без збогум. Ладно. Исчезнувале без збор. Пуф. Без никакви објаснувања. Идеа на линија на послаб отпор. Ме оставале на цедило и со размислување каде сум згрешила. Ме јадело однатре. Не се ни труделе да укажат на проблемот во односот, за да се знае дали може да се промени, да се реши или секој да замине по својот пат. Станав странец со луѓе со кои се будев, се смеев, со кои правев будалштини, планови за иднината…

Со постапката ме срушија и не се ни свртија за да видат дали има последици. Тешкото е тоа што потрошив време и љубов во тие врски, за на крај да ме остават како партал. И да исчезнат како духови. Со прекрасни спомени…

И на крај… Што ако е потребно некој да ме научи повторно да сакам? Потребен ми е некој да ме крене и да ме гушне кога плачам на полноќ во бањата. Потребен ми е некој за повторно да ги составам искршените делови од себе. После толку бури да ме научи како повторно да се сакам себеси.

Со љубов,
Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s