Занимливости

Дали стареењето е болест? Еден медицински експерт вели ДА!

Според податоците, стареењето е одговорно за две третини од целата смрт на планетата, и овој доктор смета дека треба да го гледаме како абнормална физичка состојба што треба да биде соодветно третирана.

Најстарата болест на човештвото – смртта! Тоа е состојба што убива милиони ширум целиот свет. Според одредени процени, староста е одговорна за 100.000 смртни случаи на дневно ниво. Потребни се декади за да се откријат симптомите и таа го напаѓа целото цело, не оставајќи ниту еден дел безбеден.

Природниот процес на стареење е нешто што многумина со тек на време ќе го доживеат, па затоа и медицинската наука го смета за медицинска неизбежност. Иако повеќето научници и доктори се согласуваат со ова мислење, еден медицински експерт неодамна објавил статија во The Scientist, каде што ги опишува своите гледишта за стареењето како болест што може да биде излечена.

Д-р Мутаз Муса е здравствен консултант и доктор. Според неговото размислување, стареењето треба да добие свое место меѓу болестите и да се идентификува како абнормална медицинска состојба што може да биде третирана. Стареењето треба да се гледа и да се третира на истиот начин како што се постапува со холестеролот со цел да се спречат одредени здравствени проблеми.

Муса вели дека ние веќе и го правиме ова на некој начин. Многу доктори препишуваат здрави диети, физичка активност и медикаменти за да ги спречат или да ги подобрат проблемите со срцето, притоа индиректно борејќи се против самото стареење или барем одложувајќи го подоцнежниот развој на неговите симптоми.

Овој доктор не е единствен што смета дека стареењето е болест што треба да биде соодветно третирана. Во својата статија, тој го цитира Обри де Греј, компјутерски научник и самоук биолог и геронтолог, кој исто така води кампања дека стареењето треба да се третира како патолошка болест. Од друга страна, постои и скоро започнат стартап, Unity Biotechnology, што го привлече вниманието со обезбедување милиони за истражување на болестите што доаѓаат со стареењето. На кратко, тие бараат начин да го спречат или барем да го забават стареењето на нашите клетки.

Ова дополнително внимание на темата води до неизбежен заклучок дека набрзо ќе се направат нови откритија за проблемот со стареењето. Некои нови студии, имаат цел да испитуваат одредени протеини кои играат улога во стареењето на клетките, додека пак други се фокусирани на состојките што компензираат за природното губење на енергијата предизвикано од стареењето. Ако овие истражувања и иновации продолжуваат, живеењето долг, здрав живот може да значи нешто сосема различно во блиска иднина.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s