Писмата од Мишима

ЈАС

ЈАС, разбуди се, време е...

jas-marsovka-na-zemjata

Се фаќам себеси како ми фалиш. Ми недостигаш, ЈАС. Многу. Ти си дел од мене. Од моето битие. Ми фали твојот ентузијазам. Твоето смеење. Упорноста. Каде исчезна? Во метежот на градот? Во многуте обврски? Во непреспаните ноќи, ЈАС?

Но, најмногу ми фали тоа што не можам да ја почувствувам пролетта.

Каде заспа, ЈАС? Зошто толку сакаш да спиеш? Толку ли ти е тешко станувањето? Гледај дури ни спиењето не ти дава мир, дури ни сништата не ти дозволуваат да се одмориш.

Се сеќаваш како пееше гласно низ собата? Те нема… Празно е. Како на гробишта. Ми недостигаш, ЈАС… Многу. Сега сè се сведе на местење на алармот, за повеќе да спиеш иако знаеш дека сонот нема да се врати и дека само се залажуваш.

Не ли гледаш дека сè си доаѓа на своето место? Зошто тогаш тераш ваков инает? Сакам да бидеш покрај мене, ЈАС. Си седнал и само мрчиш: Ова не чини, ова вака треба да биде, ова погрешно го правиш…. Добро, имавме едни планови, не ни се исполнија, испадна нешто друго. Не можеме со глава во ѕид. Не идеше. Очигледно. Универзумот имал други планови за нас. Престани со твоите глупави мрчења! Таа приказна заврши. КРАЈ! Не можам низ истото пак да поминувам! РАЗБЕРИ МЕ! Сакам да се радувам! Иде пролет! Моето време. А заради тебе, ЈАС, не можам да го почувствувам. Заради тебе не можам да уживам во работата што ни се овозможи, во новата врата што ни се отвори. Гледај колку убави работи има зад оваа врата. Некои од тие работи ни беа само мислена именка. Ѕирни, ЈАС…

Ми требаш. Вразуми се веднаш, ЈАС! Те молам. Идат уште поубави времиња. Пополека се поклопуваат коцките. Не ли гледаш што правиш? Ги оттргнуваш луѓето од себе, од мене. Океј, ти биди сам, ама мене тие луѓе ми значат. Сакам да се радувам со нив. Престани да бидеш толкав намќор. Аман, престани, ЈАС.

Остави ги ТИЕ луѓе. Не вредат. ТИЕ надежи? Пропаднаа. Дојдоа други. Остави го минатото, ЈАС. Биди љубопитно. Дојди со мене заедно да истражуваме. Како некогаш…. Вредиш. Добивме втора шанса. Не ја усе*увај. Тука ни е на дланка. Треба само да ја зграпчиме. Не чекај.

Сакаш да идат работите? Епа како сакаш да иде нешто, кога ти веднаш се расипуваш, за сè наоѓаш мана? Ми требаш, ЈАС. Мора заедно да продолжиме да одиме. Сакам да бидеме среќни. Мислам дека заслуживме после толку падови. А за тоа мора да се сложуваме. Добро, не мора 100% да се согласуваме. Во ред, скарај ме кога мислиш дека правам нешто глупаво, ама признај забавно е. Дојди, ЈАС. Подај ми ја дланката. Нека престане оваа агонија. Иде пролет. Моето време. Нашето време. Не ја чувствуваш свежината во воздухот? Новите надежи? Гледај како сè се зазеленува и цвета, сè е толку позитивно. Освен ти, ЈАС. Да уживаме заедно. Заедно сме посилни. Непобедливи.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s