Филм и ТВ

A Quiet Place – еден од најочекуваните хорори за 2018 година!

Премиерата на филмот е на 6-ти април оваа година. Возбудени? Да, и јас едвај чекам! Одамна не сум гледала добар хорор трилер!

Најдобриот факт за новиот хорор трилер „A Quiet Place“ (Тивко место) е комбинацијата на Џон Красински (John Krasinski) и Емили Блант (Emily Blunt). Со нив двајца во главните улоги, не постојат никакви шанси дека филмот ќе разочара. Имајќи го ова на ум, досегашните трејлери се многу енигматични и не ни даваат доволно информации за приказната, но според тоа што може да се види, јасно е дека станува збор за добро разработена и моќна приказна што нема да нè остави рамнодушни.

Во оваа дистопија, едно семејство живее тивок и изолиран живот. Тие внимаваат да не испуштат никаков звук, па комуницираат исклучиво со јазикот на глувонемите и се движат по однапред одбележани патеки каде што нивниот од не би предизвикал ни најмал шум. А кога сепак ќе дојде до бука, бидејќи ние луѓето по природа сме гласни суштества, тие се преплашени од непозната опасност (се надевам дека се вонземјани!) што ги лови по звукот. Оваа опасност со сигурност е со канџи, бидејќи една сцена од трејлерот ни покажува огромни гребаници по ѕидовите на нивниот дом.

Најновиот трејлер ни открива помалку информации одошто би сакала, но од тоа што може да се види, според мене, приказната оди во добра насока. На почетокот можеме да видиме вести и весници кои известуваат дека нивниот оклоп е непробоен (повторно, се надевам дека станува збор за вонземјани!) и дека војската паднала. Веќе нема кој да го штити човештвото, а стапката на смртност е во застрашувачки бројки. Емили Блант и нејзиното семејство се дел од малкуте што го преживеале овој апокалиптички напад и нивната единствена мисија е да ги заштитат своите сопствени деца. Повторно имаме можност да ги видиме трагите од канџи на ѕидовите, но овој пат тоа е проследено и со монструозни раце во позадината, покажувајќи ни дека станува збор за нешто навистина застрашувачко.

Што мислите вие за овој филм? Можеби сте прочитале некаде дополнителни информации за приказната или пак, имате некои ваши теории? Слободно споделете со мене во коментарите подолу…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s