Филм и ТВ

3 нови ТВ серии со кои ќе се опседнете уште од првата епизода!

Најдобрите 3 серии од 2018 година! Сега засега...

Да, гледам премногу серии. Премногу! Но во моја одбрана, покрај физичката активноста, не постои друг подобар начин да го опуштите мозокот по напорниот ден на работа или за време на слободните викенди (зборувам за здрави и легални начини). Исто така цврсто сум убедена дека телевизиските приказни се исто така одлични и за одржување на креативноста и способноста за раскажување. Да не беа сите тие серии што сум ги гледала, не верувам дека ќе го имав потребниот мотив и јас самата да создадам нешто. Токму затоа и горда сум на тоа колку серии следам, бидејќи од нив црпам огромна инспирација. Океј, да не должам. Во продолжение следуваат 3 серии од 2018 година од кои нема да можете да ги оттргнете очите!

Altered Carbon (Изменет јаглерод) – научна фантастика

Станува збор за една од најдобрите научно фантастични серии што некогаш сум имала можност да ги гледам. Таа не само што е со уникатна приказна, нешто што досега сме немале можност да го видиме на малите екрани, туку и толку силно ќе ве замисли за суштината на човекот што нема да можете со денови да спиете. Океј, ова можеби само мене ми се случува, ама сепак, приказната е едноставно неверојатна.

Here and Now (Тука и сега) – драма

Ако сте љубители на драмата, тогаш оваа серија без сомнение ќе ве привлече. Приказната се врти околу едно необично семејство – двајца родители со едно биолошко дете и три посвоени (од Либерија, Виетнам и Колумбија), односно кога нивниот живот драстично ќе се промени откако едно од децата ќе почне да доживува живописни халуцинации. Интересното во оваа приказна е тоа што не знаеме дали станува збор за ментална болест или паранормален настан.

Life Sentence (Осудена на живот) – комедија

Имаме гледано многу серии во кои главните ликови се обидуваат да преживеат со најопасната дијагноза што еден човек може да ја чуе од својот доктор – рак. Но, овој пат имаме можност да гледаме како една девојка почнува од почеток да учи да живее во вистинскиот свет откако ќе го победи ракот. Таа во последните 8 години направила многу одлуки мислејќи дека ќе умре во секој момент, одлуки што значително влијаат на живот што може да трае и повеќе од 50 години…

Дали вие би додале некоја серија од 2018 година на оваа листа? Пишете ми во коментарите подолу…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s