Занимливости

Ако океаните продолжуваат да се затоплуваат, рибите ќе престанат да постојат

Во текот на следните 300 години, Јужниот океан на Антарктикот ќе продолжи да се затоплува – на тој начин намалувајќи го бројот на риби за 20 проценти.

Јужниот океан на Антарктикот може да ви делува незамисливо далечно, но тоа не го менува фактот дека овој поларен океан има огромно влијание на глобалната клима, како и на здравјето на океаните ширум светот. Една нова студија покажува дека ако овој океан продолжи да се загрева со истото темпо, до 2300 година исхраната на човештвото може многу да се промени.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија користеле симулација за да ги откријат различни начини на кои промената на климата би можела да влијае на светските океани во текот на следните неколку векови – период што ги надминува сите досегашни испитувања. Наместо гледајќи до стандардната 2100-та година, како сите научници досега, тие ги зголемиле овие граници и наишле на многу поголеми можни проблеми.

Промените што ќе се случат во текот на следните 300 години, ќе ги направат поларните води многу потопли, ќе стопат многу морски брегови и најважно од сè, ќе ги заробат натриените во Јужниот океан. Истражувачите, кои ја објавиле својата студија во журналот Science, откриле дека пресекувањето на овој циклусот со натриените ќе доведе до значајно нарушување на глобалното здравје на океаните – намалувајќи го примарното производство, активноста на океанските растенија на првото ниво од синџирот на исхрана, за 24 проценти. Уште пострашно е тоа што ќе се намалат и јаглеродните честички што морињата ги задржуваат, за 41 процент.

Бидејќи овие процеси ја создаваат основата на океанскиот екосистем, воопшто не изненадува фактот дека ќе се намали и бројот на самите риби. А океан со помалку риби не значи само дека тие ќе исчезнат од вашето мени. Според истражувањата, рибарската индустрија го поддржува животот на 10 до 12 проценти од светската популација, додека пак, скоро 17 проценти од планетата целосно зависи од рибите како примарен извор на протеини.

Важноста на рибата како извор на храна станува уште поголема ако се земат предвид и процените дека до 2050 година ќе треба да се дуплира производството на храната само за да се нахрани човештвото. Промените на климата имаат огромно влијание на производството на храна на светско ниво која веќе содржи помалку хранливи материи, има проблеми со адаптација на сезоните за растење, а некои видови житарки веќе се движат кон целосно изумирање.

Слободно може да се каже дека воопшто не се грижиме за нашата планета, но фактот дека си ги уништуваме и изворите за храна – нешто од што нашиот живот зависи, кажува колку луѓето не размислуваат за ништо друго освен за самите себе и не гледаат подалеку од утрешниот ден. За сите оние што не ни веруваат во промената климата, имам да кажам само едно нешто – можеби вие нема да почувствувате ништо, но вашите деца, внуци или правнуци ќе ве мразат затоа што не сте презеле ништо дур имало време…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s