Астрономија

Астрономите откриле дека на сите галаксии им се потребни околу една милијарда години за да се свртат околу себе

Без разлика на големината, сите галаксии прават круг околу себе за една милијарда години! Како е можно?

Неодамна астрономите откриле дека без разлика на големината, сите галаксии се вртат околу себе еднаш на милијарда години. Звучи чудно, се согласувате? Да, тоа и научниците го помислиле. Водечкиот истражувач професор Герард Меурер изјавил дека ова откритие е многу необично:

„Помислив дека е некако чудно тоа што малите галаксиите прават круг околу себе за истото време што им е потребно и на големите. Не станува збор за прецизност на швајцарски часовник, но ако имате можност да стоите на надворешните граници на дискот на мала и на голема галаксија, вам би ви биле потребни околу 1 милијарда години за да свртите целосен круг и на двете.“

Погледнете го следново видео што ќе ви помогне да створите подобра слика за ова откритие во вашата глава:

Друго интересно откритие од ова истражување е тоа што научниците откриле докази за постоење на стари ѕвезди на самиот раб од галаксиите. Најчесто само новоформираните ѕвезди се наоѓаат таму, а постарите се насобрани кон центарот. Професор Меурер вели:

„Постари теории од 1960-тите и 1970-тите години тврдат дека галаксиите се формирале многу брзо во раните години на универзумот. Но овие стари теории биле заменети со нови што тврдат дека галаксиите долго време се формираат и постепено се шират нанадвор, така што постарите ѕвезди остануваат близу до центарот на дискот, а новите се формираат по самите рабови.“

Па, како се нашле старите ѕвезди на самите рабови од галаксиите? Професор Меурер дополнува:

„Поради овие резултати, ние сега знаеме дека галаксиите ротираат еднаш во милијарда години и имаат остри рабови што се состојат од комбинација од гасови, стари и млади ѕвезди.“

Овие откритија можат да им помогнат на астрономите да разберат каде завршуваат галаксиите со цел тие да го фокусираат своето истражување токму таму и да не губат време на областите пред или зад таа точка. Професорот Меурер исто така вели и дека следната генерација на радио телескопи ќе донесе енормна количина нови податоци:

„Во текот на следната декада ќе имаме можност да го набљудуваме небото со SKA (Square Kilometre Array), што би требало да ни донесе неверојатни податоци на милијардите галаксии на нашето ноќно небо.“

Сè што ни останува сега е да чекаме, бидејќи не постои начин да ги забрзаме овие нешта и да одеднаш да ги разоткриеме сите мистерии на универзумот. Без разлика колку го посакуваме тоа.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s