Занимливости

Најновото оружје во борбата против резистенцијата на антибиотици? Млеко од клунар!

Научниците бараат креативни и необични извори за нови антибиотици...

Кога станува збор за резистенција на бактерии, нема поголем паничар од мене. Затоа и постојано им зборувам на сите да не земаат антибиотици на своја рака и секогаш кога се чувствуваат лошо прво да се консултираат со доктор пред да си препишат терапија. Ако станува збор за бактерија, антибиотиците се неизбежни. Но, ако станува збор за вирус, антибиотиците не само што ќе ви го продолжат процесот на заздравување, туку и ќе придонесат за развивање на бактерии што се отпорни на нив. А верувајте ми, ако сите бактерии станат отпорни на антибиотици, ќе се вратиме во времето кога дури и најобичните видови ќе можат да нè убијат. Овој проблем веќе ги надмина сите граници и станува посериозен одошто мислите. За среќа, научниците секојдневно се обидуваат да најдат замена за веќе постоечките антибиотици, некогаш дури и на необични места, што води кон откритието што следува во продолжение…

Да бидеме искрени, нема почудно животно од клунарот! Тој е еден од последните видови цицачи што несат јајца и имаат отровни перки. Да не зборуваме и за фактот што неговото крзнено тело е комбинирано со клун од патка! Изгледа како еволуцијата да сакала да се пошегува, па го создала ова необично животно.

Но, изгледа дека научниците пронашле нешто што засекогаш може да ја смени репутацијата на овој чудак – неговото млеко содржи уникатен протеин што може да ни помогне во битката против резистенцијата на антибиотици.

Скоро 70 години, антибиотиците се нашиот прв одговор за голем број медицински состојби, започнувајќи од гонореја, па сè до пневмонија. Но, колку повеќе ги користиме, толку почесто бактериите се претвораат во супербактерии што не реагираат на никаков вид антибиотици. Ова е голем проблем ширум светот и загрозува многу човечки живот.

За да можете да разберете колку е голем овој проблем, ќе ве потсетам дека во 2016 година Обединетите нации го обележаа овој проблем со „кризно ниво“. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го нарекол „фундаментална, долготрајна закана за човечкото здравје, за одржување на производството на храна и за развојот“.

Токму затоа и научниците сè почесто стануваат покреативни во својата потрага да најдат начин да му помогнат на човештвото да се бори против бактериите што се отпорни на антибиотици. Едно од тие откритија е фактот дека млекото на клунарот содржи антибактериски карактеристики.

За да откријат што точно го прави ова млеко вакво, еден тим истражувачи од Австралија се обиделе да реплицираат еден од неговите протеини во лабораторија. Откако добиле можност подетално да ја погледнат структурата на протеинот, тие биле изненадени од неговата уникатност. Тридимензионалниот набор прави овој протеин да изгледа како кадрица, па затоа и го добил името Ширли Темпл – како референца на кадравата коса на актерката.

Истражувачите веруваат дека уникатната структура на овој протеин може да помогне во развивање нови видови медикаменти што ќе помогнат во борбата против супербактериите. Тие во моментов бараат дополнителни истражувања што ќе доведат до создавање нов антибиотик.

Прочитајте повеќе на оваа тема на мојот блог:

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s