Занимливости

Дали ЕА навистина развива Star Wars видео игра со отворен свет?

Што мислите вие за идејата да се изгради онлајн отворен свет за оваа видео игра?

Според Gamespot, ЕА почнува со изработка на Star Wars видео игра со отворен свет. Претпоставката доаѓа од отворена работна позиција на официјалниот веб-сајт на ЕА, каде што се бара водечки онлајн инженер во нивните канцеларии во Ванкувер.

Работната позиција започнува со реченицата: „Водење тим за развивање онлајн карактеристики за проектот Star Wars отворен свет.“ Се очекува видео играта да биде достапна на повеќе платформи и најверојатно ќе вклучува мултиплеер, бидејќи во понатамошните набројувања на работните обврски има напишано и: „искуство со имплементирање онлајн карактеристики како Matchmaking, Asynchronous interactions, Live services, Server-host migration…“.

Уште нема никакво официјално известување од ЕА за оваа нова Star Wars видео игра, но тоа што може да се каже со сигурност е дека студиото во Ванкувер е одговорно за целиот процес. Исто така, во претходни интервјуа со извршниот потпретседател за ЕА, Патрик Содерланд, дознавме дека оригиналната визија за новата Star Wars видео игра беше линеарна авантура, базирана на приказна, но дали тоа сè уште е во план, само времето може да ни покаже…

Што мислите вие за идејата да се изгради онлајн отворен свет за оваа видео игра? Пишете ми во коментарите подолу…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s