Филм и ТВ

Мерил Стрип ќе ја замени Кери Фишер во улогата на принцезата Леа?

Што мислите вие за оваа идеја? Мене воопшто не ми се допаѓа!

Дизни и Лукасфилм веќе потврдија дека нема да вклучат CGI верзија од Леа во Star Wars 9, но никој не ни помисли дека воопшто постои опцијата да ја замени друга актерка. Да, фановите долго време предложуваат Мили Боби Браун од Stranger Things да биде младата верзија на принцезата Леа, но кога станува збор за возрасниот карактер претставен од Кери Фишер, не можам да замислам (ни јас, ниту пак останатиот дел од светот – поправете ме ако грешам!) да видам друг лик на нејзиното место. Затоа и толку ме изненадија гласините дека Мерил Стрип би можела да биде замена за принцезата Леа.

Смртта на Кери Фишер остави огромна дупка во жанрот, празнина што ја чувствуваме до ден денес. Нејзината смрт исто така имаше големо влијание и на сите љубители на Star Wars, влијание што секојдневно се зголемува. Затоа и повеќето од нив веќе ја прифатија идејата Леа да почине некаде помеѓу настаните на осмиот и деветтиот филм, замислувајќи ја како мирно заминува од целиот тој галактички хаос. Но, тука настанува и целиот проблем.

Леа отсекогаш беше водечката сила зад Star Wars 9, исто како што Хан беше зад The Force Awakens и Лук зад The Last Jedi. Таа беше главниот карактер во старото сценарио, па како би можеле да ја видиме замислената приказна до крај без неа? Најверојатно тоа и нема да се случи, бидејќи новото сценарио е веќе готово, а снимањето започнува ова лето. Не постои официјално известување дали Леа ќе се врати во целост како што беше планирано, ниту пак дали ќе биде заменета, но сепак гласините што се шират за Мерил Стрип се малку вознемирувачки. Постои шанса и овие гласини да се намерно пуштени за да се разлутат фановите и да се продолжи разговорот за новиот филм, но постои шанса и да бидат вистинити.

Иако таа опција не е во игра, јас попрво би сакала да видам CGI верзија од Кери Фишер или стари неискористени снимки од претходните филмови што би можеле да ја пополнат дупката во приказната отколку друго лице што ќе го носи нејзиното име. Исто така сосема сум задоволна и со опцијата да се напише книга за неа, што ќе ја раскаже нејзината приказната, а последниот филм да продолжи по нејзината смрт. Иако би било фино да се види и визијата што беше оригинално замислена, сепак не можам и не сакам да гледам друга актерка во улогата на Леа.

Дел од фановите не се согласуваат со ова мислење и веќе имаат покренато онлајн петиција за наоѓање замена за Кери Фишер. Петицијата гласи:

„Како фанови на Star Wars и Кери Фишер, ние навистина сакаме да видиме како Леа сјае во Епизода 9 и сигурни сме дека не сакаме да биде исфрлена од филмот без разумна причина. Токму затоа и рекастингот за Леа ни делува како идеална опција и веруваме дека Мерил Стрип е одличен кандидат за да ја замени. Ние навистина веруваме дека таа е најдобрата опција за да можеме да го видиме наследството на Кери Фишер во Епизода 9. Нека биде силата со Кери Фишер, Мерил Стрип и принцезата Леа.“

Иако Кери Фишер и Мерил Стрип беа блиски пријателки во реалниот живот, сепак невозможно е да знаеме како би се чувствувала Кери Фишер за идејата да биде заменета. Таа отсекогаш се шегувала за улогата, но никогаш не зборувала за напуштање на франшизата во случај на смрт.

Што мислите вие? Дали би сакале да Мерил Стрип или некоја друга актерка да ја замени или пак сметате дека некоја друга опција е подобра?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s