Астрономија

Ајнштајн е повторно во право – сите објекти паѓаат на истиот начин!

Отсекогаш сум била фасцинирана од умот на Ајнштајн. Понекогаш дури и си замислувам какви сè откритија би можел да направи доколку живеел во денешно време, или пак во блиска иднина. Во комбинација со напредокот на технологијата, тој би можел да го разбере целиот универзум, можеби дури и целосно да го освои! Токму затоа и воопшто не ме чуди што уште една негова теорија е докажана од страна на модерните научници...

Астрономите нашле дополнителни докази дека Ајнштајн совршено ја разбирал гравитацијата. Една од неговите теории е дека сите објекти паѓаат на истиот начин, без разлика на нивната маса или состав. Досега, равенките на Ајнштајн ги поминале сите тестови. Дури и неговата теорија за објекти што паѓаат се докажа како точна на Земјата. Но, научниците не беа сигурни дали овој принцип важи и надвор од границите на нашата атмосфера, односно дали истите правила се однесуваат и на масивните објекти во познатиот универзум.

Сепак, интернационален тим од астрономи успеа да докаже дека оваа Ајнштајнова теорија важи и во вселената. Сите објекти паѓаат на истиот начин, без разлика на нивната маса или на составот. Истражувањето што било објавено во журналот Nature ни покажува дека теоријата на Ајнштајн е точна дури и во најекстремните сценарија во универзумот.

Астрономите го тестирале принципот на еквиваленција во уникатен систем. Овој троен систем (PSR J0337+1715) е составен од две супергусти стеларни трупови познати како бели џуџиња и уште погуста неутронска ѕвезда. Трите објекти се распаднати јадра на ѕвезди што минале низ супернова експлозија и се најгустите ѕвездени остатоци во познатиот универзум.

„Ова е уникатен ѕвезден систем“, изјавил Рајан Линч од опсерваторијата Green Bank. „Ние не знаеме за друг ваков систем. Токму затоа и тој е единствен на кој би можеле да ги тестираме Ајнштајновите теориите.“

 

Преку внимателни набљудувања и калкулации, тимот успеал да ја тестира гравитацијата на системот со помош на пулсовите од неутронската ѕвезда. Тие откриле дека сите разлики во забрзувањето помеѓу неутронската ѕвезда и белите џуџиња се премногу мали за да се забележат. Со други зборови, тие „паѓаат“ на истиот начин под влијание на гравитацијата како и сите други објекти околу нас. Фасцинантно, се согласувате?

Кликнете тука за подетални информации за оваа истражување.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s