Патувања

Национален парк Пелистер – најголемото македонско богатство!

Оние што подобро ме познаваат знаат дека долго време имам необјаснива потреба за шума. Едноставно сакам да се изгубам во зеленилото, да легнам на мека трева и да ги набљудувам сончевите зраци што едвај се пробиваат низ густите, високи дрвја, додека ја слушам прекрасната музика на штурците и птиците, надополнета со мелодијата на ветрот. Мислев дека ова можам да го постигнам само во некоја дождовна шума или во џунгла, ама испадна дека целото ова време решението ми било под носот.

Баба Планина е домот на Националниот парк Пелистер, како и на истоимениот врв што многу планинари љубат да го освојуваат. Баба е преполна со патеки што ве водат низ неверојатни локации како густи шуми, бистри изворски води, магични водопади и слатки планински езерца. Овие патеки не се тешки за одење, иако потребно е да имате барем малку кондиција. Исто така невозможно е да се изгубите, бидејќи се одлично одбележани, па можете да одите по нив со целото ваше семејство, вклучувајќи ги и најмалите.


Со сопругот бевме сместени во хотел Молика, кој се наоѓа на најубавата локација што можете да ја замислите – веднаш во центарот на Националниот парк Пелистер. Иако е многу стар, хотелот одлично е одржуван, собите се чисти, и персоналот прави сè за вашиот престој да ви биде пријатен. Со оглед на тоа што имам и специфична исхрана (безглутенска), добив специјално подготвена вечера наместо стандардната што доаѓаше со полупансионот. Хотелот си има и свој голем паркинг, а веднаш зад него се патеките кои ве водат низ прекрасната зимзелена шума.


Ова место е едно од најдобрите за дишење свеж воздух. Додека шетате, ќе чувствувате како белите дробови ви се полнат со здравје. Сепак, за оние со алергии, препорачувам однапред да се подготвите со апчиња и спрејови, бидејќи иако целото место е зелено (не забележав цвеќиња), сепак имаше една жичка во воздухот што ја чувствував и што малку ми го отежнуваше дишењето. Не успеав да откријам од што беше предизвикана (моите алергии се претежно насочени кон поленот, па затоа ви препорачувам да внимавате). Сопругот нема гајле на ова поле, така што тој уживаше бескрајно во секој аспект – како што верувам дека ќе ви биде и вас.


И за крај, ќе ја искористам оваа шанса да ви предложам и книга којашто би можеле да ја читате на вашата авантура на Пелистер. Станува збор за мојата прва книга, „На работ од времето“. Жанрот е научна фантастика, поточно постапокалиптична дистопија, па сте љубители на овие приказни, верувам дека би ви се допаднала.


Ако решите да ја читате, го чекам вашето мислење! Во меѓувреме, уживајте во следните фотографии од ова магично место во Македонија.






*Не е дозволено преземање на фотографиите без согласност од авторот

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s