Патувања

Пикник во зелениот двор на Зрзевскиот манастир

Со години слушам за убавините на Зрзевскиот манастир од сопругот, но поради некоја необјаснива причина, никако не можев да најдам време да го посетам. По сплет на околности (скршен прст, стапало во гипс, лежење во кревет два месеца...), одлучив многу повеќе да патувам и да ги доживувам убавините на светот (започнувајќи токму од Македонија), па затоа и очекувајте многу вакви текстови на мојот блог во блиска иднина.

Мојата нова патувачка авантура започна со Националниот парк Пелистер. Ова дводневно патување до Баба Планина се претвори во мини роуд трип, и на враќање накај Скопје конечно го посетивме заедно и Зрзевскиот манастир. Како што можете да видите на фотографијата погоре, тој е изграден над низа пештери, и изгледа едноставно неверојатно. Фотографијата е направена на паркингот, каде што мора да го оставите вашиот автомобил и потоа да тргнете пешки нагоре. Но, не грижете се, бидејќи нема многу одење. Пред да трепнете ќе се најдете пред влезот.

Имав големи очекувања за ова место, бидејќи како што веќе спомнав, со години слушав за него. Но, кога пристигнав таму, тоа ги надмина сите мои очекувања. Дворчето е прекрасно средено, има мала црквичка во која можете да запалите свеќа или да си земете суверничиња и фини монаси коишто весело ги одговараат сите прашања на посетителите.  Исто така, многу семејства доаѓаат тука на пикник, седат на клупичките, јадат и дишат свеж воздух, притоа ширејќи мир и позитивна енергија.

Најубавиот дел, според мене? Погледот! Толку бев воодушевена од неверојатните пејзажи, што тотално заборавив и на мојот страв од висини. Едноставно си го најдов своето место и отпатував со мислите во некој сосема друг универзум. Се одморив и се наполнив со доволно енергија за стандардните секојдневни предизвици, којашто и по скоро две недели, сè уште ја чувствувам во мене.

Па, ако сте расположени за еднодневен пикник, тогаш топло ви го препорачувам ова неверојатно место во близина на Прилеп. Повикајте ги вашите најблиски, направете си нешто за јадење и за пиење и поминете го денот во зелениот двор на Зрзевскиот манастир. Верувајте ми, и телото, и умот ќе ви бидат благодарни.


*Не е дозволено преземање на фотографиите без согласност од авторот

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s