Автор

Моника (sharenamarsovka@outlook.com)

Моника

Дипломиран психолог. Отсекогаш ме интересирала астрофизиката, а животно мото ми е дека не смеам да поминам ниту еден ден без танцување. Обожавам да пишувам. Напишав книга, На работ од времето, прв дел од трилогијата Наследството на Вероника. Ако сте љубители на научна фантастика, поточно на постапокалиптична дистопија, можете да ја најдете во Антолог – мојата омилена книжарница. Твитер ми помага да размислувам. Инстаграм ми е како приспивна песна. Ги слушам само Imagine Dragons. Гледам премногу серии и често се губам во световите на видео игрите (читај: Neverwinter). Обожавам вино, црвено. Кафето ми е една од најголемите радости. Живеам без глутен.