Ајнштајн е повторно во право – сите објекти паѓаат на истиот начин!

Отсекогаш сум била фасцинирана од умот на Ајнштајн. Понекогаш дури и си замислувам какви сè откритија би можел да направи доколку живеел во денешно време, или пак во блиска иднина. Во комбинација со напредокот на технологијата, тој би можел да го разбере целиот универзум, можеби дури и целосно да го освои! Токму затоа и воопшто не ме чуди што уште една негова теорија е докажана од страна на модерните научници…

Advertisements

Астрономите откриле дека на секоја галаксија ѝ треба точно 1 милијарда години за да се сврти околу себе

Без разлика на големината, сите галаксии прават круг околу себе за една милијарда години! Како е можно?

Или ѕвездите се чудни или 234 вонземјански раси се обидуваат да комуницираат со нас

Дали тие навистина откриле како да разликуваат обични вселенски сигнали од оние што би требало да доаѓаат од интелигентни суштества? Или можеби станува збор за едноставна и лесно објаснива грешка во инструментите и податоците?

#АстроФотоНаДенот – Маглината Тарантула

Маглината Тарантула има дијаметар од над илјада светлосни години, правејќи ја еден од најголемите региони за формирање ѕвезди во близина на Големиот Магеланов облак, оддалечен на околу 180 илјади светлосни години.

#АстроФотоНаДенот – Ѕвезди и столбови од прашина набљудувани во инфрацрвена светлина

Младите ѕвезди полека ги напуштаат јаслите во NGC 7822. Во маглината се забележуваат сјајни рабови и комплексни структури од прашина кои доминираат на овој неверојатен и детален небесен пејзаж, снимени со инфрацрвена светлина од страна на сателитот Wide Field Infrared Survey Explorer (WISE).

Неверојатни факти за Марс што можеби не сте ги знаеле

Да се тргнеме малку од Земјата и да прошетаме на површината на нашиот најблизок сосед, Марс. Оваа чудесна планета крие многу мистерии што и до ден денес ги збунуваат научниците, па затоа тие постојано испраќаат вселенски летала и ровери за да ја проучуваат. Постои и план во следните 15 до 20 години да се испратат и првите луѓе што ќе имаат можност лично да ја доживеат Црвената планета.

Научници од НАСА пронашле скриено богатство со планети погодни за живот околу блиска ѕвезда

За сите љубители на вселенските новости, НАСА изјави дека биле откриени седум планети со големина на Земјата, во зоната погодна за живот, околу една ѕвезда што се наоѓа на оддалеченост од едвај 39 светлосни години.