Погледнете го епскиот трејлер за втората сезона на Star Trek: Discovery

Како огромен фан на Star Trek (од кога знам за себе), кој ги има гледано буквално сите серии и филмови, морам да признаам дека бев малку скептична за Discovery. Но, уште од првата епизода ме освои… А ако овој трејлер дава вистинска слика за втората сезона, тогаш нè очекува уште подобра приказна!

Advertisements

Погледнете го првиот официјален трејлер за Avengers: Infinity War!

Во последниве неколку години целосно сум опседната со филмовите на Марвел! Има нешто толку магично во нивната одлична комбинација од акција, научна фантастика и хумор што едноставно не можам да им одолеам (со исклучок на Ant-Man!) Сигурна сум дека и вие го мислите истото, штом толку брзо кликнавте на овој наслов за конечно да го погледнете очекуваниот прв трејлер за новото продолжение на Avengers! Уживајте во видеото…

3 нови серии од Нетфликс со кој во моментов сум опседната

Како голем љубител на ТВ серии (не прашувајте колку активно гледам, бидејќи и јас одамна престанав да бројам!), веќе ретко се случува некоја приказна толку да ме воодушеви, што откако ќе ја завршам сезоната, имам потреба да ја пуштам од почеток за да ги уловам сите детали што можеби сум ги пропуштила со првото гледање. Токму такви се овие 3 приказни од Нетфликс, што денес решив да ги споделам со вас и топло да ви ги препорачам. Има по нешто за сите – драма, криминал и акција!

Конечно излезе првиот трејлер за Thor: Ragnarok и е легендарен!

Како голем љубител на Тор, мојот омилен Avenger, со големо нетрпение го очекував првиот трејлер. Токму затоа и имав очекувања поголеми од универзумот, па се плашев дека лесно ќе се разочарам. Но според тоа што го видов трејлерот, очекувањата ми преминаа во мултиверзумот!

Две нови ТВ серии со суперхерои од универзумот на Марвел што целосно ќе ве обземат

Оние што лично ме знаат веќе се добро запознаени со мојата фасцинација за ТВ сериите! Особено научно фантастичните приказни што имаат единствена способност да ме однесат во некој сосема различен свет, полн со чудесии и мистерии што чекаат да бидат откриени.